Заокружен проектот за превод на 1.000 стручни и научни книги и учебници

Нови десет наслови од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници од кои се учи на најдобрите универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија, денеска беа промовирани во Скопје. Со новите 10 наслови се заокружи бројот од предвидените 1.000 наслови во рамки на проектот.Заради успешноста на едицијата проектот ќе продолжи со превод на уште 200 книги во наредните четири години. Се планира и отворање нови шест специјализирани читални за едицијата во општините во кои има поголема концентрација на студенти.Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип проф. д-р Блажо Боев истакна дека основната идеја за преводот на книгите е да се поттикнат луѓето да се вратат на читањето на книги и размена на идеи.Маргарита Бошковска е студент на ФЕИТ со просек 9,9, и од името на студентите порача дека едицијата е од особена важност за стекнување квалитетно знаење.На промоцијата исто така присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој изрази задоволство што се промовираат последните десет од предвидените 1.000 книги.Инаку, учебниците се преведуваат од учебници кои се користат на врвните десет највисокорангирани универзитети во светот, освен во делот на правото каде се земаат најврвните универзитети во Франција и Германија заради природата на континенталното право кое се користи во Македонија.