​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Заев спремен е да го жртвува датумот за преговори со ЕУ, само да си го продолжи криминалниот век

Изјави 3 септември 2019 14:06

Зоран Заев, главата на октоподот, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век! Јасно е дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Зоран Заев не дозволува ниту да се донесе квалитетен …

Зоран Заев, главата на октоподот, главата на државната мафија, е спремен да го жртвува датумот за почеток на преговори со ЕУ, само и само за да си го продолжи криминалниот век! Јасно е дека без исполнети услови нема датум за почеток на преговори со ЕУ, а Зоран Заев не дозволува ниту да се донесе квалитетен закон за ЈО, ниту да се расчисти со високата корупција во која што се вмрежени и администрацијата и правосудството!

Македонија ја тресат корупциски скандали од највисок степен со инволвирани имиња од власта, а нема решение, нема процес, нема ништо за ниту еден случај:

  • Нема никаква разрешница за прислушувањето на јавните обвинители.
  • Нема разрешница за Курто Дудуш и киднапирање и физичко малтретирање на граѓани.
  • Нема разрешница за партизацијата со „Мрежа“, нема разрешница за злоупотреба на фондови.
  • Нема разрешница за „Тополки“, нема разрешница за „Леонардо“, нема разрешница за „Рекет“.

Едноставно, нема разрешница за ниту ниеден од скандалите за кои што пишуваат и меѓународни медиуми! Сега за „Рекет“, претходно за „Леонардо“, пред тоа за корупција и уценување во парламентот!

Почитувани,

Наместо справување со криминалот и корупцијата, Заев приведува новинари во полициски станици, обвинува и силува медиуми кои објавуваат за криминалот и корупцијата, без основа притвора опозициски функционери кои што говореа за криминалот и корупцијата на државната мафија!

Зоран Заев судството го претвори во пазар, тргува со правото и правдата, и притоа турка Закон за амнестија на октоподот, за заштита на рекетарското здружение, закон за наградување заради политичкиот прогон.

Ова не се европски вредности, ова не се условите за добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, ова не се цели на Република Македонија. Ова се цели на Зоран Заев, фатен во криминал и кој што ќе стори се’ за да го продолжи векот на октоподот на државната мафија претворајќи ја Македонија во семеен нарко – картел.

Почитувани,

Граѓаните и Република Македонија не смеат да бидат жртви и не смеат да бидат казнети заради криминалниот клан на Зоран Заев.

Зоране Заев доста е, го силуваше и жртвуваше минатото, не жртвувај ја и иднината на Македонија! Твоето заврши, излези на избори.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.