​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство

Изјави 6 јули 2019 14:00

Додека довчерашниот Министер за земјоделство, Љупчо Николовски и Зоран Заев организираат скапи коктели 500 вработени во АД Водостопанство веќе два месеци немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување. Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство. 500 фамилии се оставени без основни …

Додека довчерашниот Министер за земјоделство, Љупчо Николовски и Зоран Заев организираат скапи коктели 500 вработени во АД Водостопанство веќе два месеци немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување.

Заев и СДСМ имаат пари да се луксузираат, а немаат пари за плати на вработените во АД Водостопанство. 500 фамилии се оставени без основни средства за егзистенција веќе 2 месеци. Веќе 2 месеци 500 луѓе не можат да отидат на лекар  и да ги користат услугите на здравствениот систем.

Вработените кои имаат кредити или други ануитетни давачки 2 месеци едвај врзуваат крај со крај и мислат како да го дочекаат наредниот месец.

Воедно прашуваме зошто синдикатот на АД Водостопанство молчи за ваквата ситуација наместо да се бори за работничките права и за вработените на АД Водостопанство.

Ова е крајно нехумано кога знаеме дека од една страна се трошат пари за луксуз и се организираат скапи коктели, а од друга страна вработените од АД Водостопанство немаат плати и придонеси.

На сликата позади мене може да го видите довчерашниот министер Николовски и неговиот наследник Димковски како насмеани уживаат во луксузен коктел во Министерството.

Поради неспособниот менаџерски тим во АД Водостопанство не страдаат само вработените во претпријатието, туку и земјоделците, на кои не им се пружа адекватна услуга за која што плаќаат према претпријатието.

АД Водостопанство, иако има обврска да ги чисти и одржува каналите за наводнување тоа го нема направено во поголем број на региони во Република Македонија. Па така земјоделците наместо да  наводнуваат се соочуваат со суви ниви што директно ќе се одрази врз приносот односно егзистенцијата на земјоделците.

Време е оваа ненародна власт, која ужива во раскош и луксуз додека земјоделците солзи ронат да си замине. Потребни се нови и применливи политики за унапредување на македонското земјоделство.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

2:01

Митева: Цените на основните намирници се зголемени двојно, плата од 20.000 денари денес, е како плата од 10.000 денари лани

Изјави 07.06.2022
0:46

Попов: Како млади советници дадовме предлог до Советот на град Скопје да донесе одлука за дискотеките во Градски парк да може да работат оваа година, повикуваме на поддршка

Изјави 07.06.2022
4:39

Мицевски: СДСМ го оправда однесувањето на Џафери, тие денеска го оправдаа мобингот кој тој го вршеше врз администрацијата

Изјави 06.06.2022
3:41

Митева:Реалната инфлација е и до 100%, цените на основните намирници се дуплирани, а СДСМ се крие зад статистичка шминка

Изјави 06.06.2022
3:12

Ржаникоски: Во болницата во Прилеп не се набавува никаква ниту се сервисира старата опрема, за голем број снимања пациентите се праќаат во околните градови

Изјави 04.06.2022
4:18

Божиновска до Спасовски: Бараме разрешување на командирот Вукановиќ, за 37% е зголемен бројот на кривични дела во Куманово, а до Советот нема доставено одговор за потфрлањата, ниту превентивен план

Изјави 04.06.2022
4:15

Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Изјави 03.06.2022
4:14

Мицкоски: Во Битола се случува инфраструктурен бум, покажавме дека не сме сите исти

Изјави 03.06.2022
2:06

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

Изјави 03.06.2022
5:36

Мицевски: Бараме да се закаже итна седница за предлог законите за изменување и дополнување на законот за додадена вредност и законот за акцизи

Изјави 02.06.2022
2:42

Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме ослободување од ДДВ за прехранбените производи и 5% ДДВ за горивата до крајот на годината

Изјави 02.06.2022
2:38

Стоилковски: ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески, враќање на парите, кривична и политичка одговорност за сите инволвирани од власта

Изјави 01.06.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.