​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

ЗАВРШУВААТ БРКАНИЦИТЕ: Граѓаните за иста цена ќе се возат во сите автобуси

Македонија 14 ноември 2016 15:19

Ќе завршат брканиците за патник повеќе меѓу градските автобуси, а патниците пак нема да бираат дали е државен или приватен автобусот. Од 1 јануари и приватните превозници се приклучуваат кон електронскиот систем за наплата на ЈСП. Граѓаните за иста цена ќе се возат во било кој автобус со електронските картички „Скопска“. Со новиот систем за …

Ќе завршат брканиците за патник повеќе меѓу градските автобуси, а патниците пак нема да бираат дали е државен или приватен автобусот. Од 1 јануари и приватните превозници се приклучуваат кон електронскиот систем за наплата на ЈСП. Граѓаните за иста цена ќе се возат во било кој автобус со електронските картички „Скопска“. Со новиот систем за наплата ќе се утврди распоредат на линиите на сообраќање во зависност од потребите на граѓаните, со што ќе се подобри квалитетот на превозот, но и безбедноста во сообраќајот. Преку ГПС ќе се следи секое движење, времето на поаѓање и пристигнување до крајната дестинација. Картичките се издаваат во еден од 8-те центри низ градот каде веднаш ќе ве сликаат и за неколку минути го добивате електронскиот билет кој чини 200 денари. Неперсонализираните електронски картички ќе може да се купат во една од 25 билетари на ЈСП и над 60 мастер дилери. Патниците ќе можат да платат и преку мобилен телефон. ЈСП СКОПЈЕ овозможи и гратис возења за секоја купена неперсонализирана картичка. Со следното надополнување, граѓанинот не ја плаќа повторно картичката, туку само ја надополнува со парични средства. Со валидирање на картичката, самиот валидатор покажува уште колку средства се останати односно уште колку возења може да се остварат со што патникот ќе има евиденција на картичката. Месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети, се впишуваат исклучиво на персонализираните картички, а надополнување со средства и купување на билет со десет возења, може да се направи на двата типа на картички. Картичките задолжително треба да се валидираат на апаратите во автобусот, без разлика дали станува збор за бесплатен студентски, ученички или билет за пензионери. Надлежните очекуваат со новиот електронски систем да се подобри квалитетот на превозот, ќе се намалат клучните проблеми со наплатата-турканиците, а и ќе се контролира движењето на автобусите.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Мицкоски до Ковачевски: Уставните измени ставете ги на седница следната недела, ајде на избори

15.08.2022

Петрушевски: Владата на Ковачевски веднаш да се извини и огради од скандалот со исвиркувањето…

15.08.2022

Мицкоски: Градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ градат и работат посветено за граѓаните

14.08.2022

Костовски: Во Љубанци отвораме спортски комплекс следуваат слични комплекси низ општина Бутел

14.08.2022

Најнови видеа

5:36

Мицкоски до Ковачевски: Уставните измени ставете ги на седница следната недела, ајде на избори

Македонија 15.08.2022
4:37

Петрушевски: Владата на Ковачевски веднаш да се извини и огради од скандалот со исвиркувањето…

Македонија 15.08.2022
11:39

Мицкоски: Градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ градат и работат посветено за граѓаните

Македонија 14.08.2022
2:18

Костовски: Во Љубанци отвораме спортски комплекс следуваат слични комплекси низ општина Бутел

Македонија 14.08.2022
2:32

Скандал на прославата на ДУИ за Рамковниот договор: Водителката исвиркана кога проговори на македонски јазик

Македонија 14.08.2022
3:12

Трипуновски: Владата и МЗШВ да ги прекинат летните одмори и да се појават во Тиквешкиот регион

Македонија 13.08.2022
8:24

Лефков: Секојдневно добиваме потврда од бугарски политичари за националните предавства

Македонија 13.08.2022
3:30

Стојаноска: Како и со Ковид 19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно…

Македонија 12.08.2022
2:24

Петрушевски: Новиот документ од Бугарија со обврски и понижувања за Македонија е резултатот…

Македонија 11.08.2022
3:38

Лефков: Дебакл на дипломатијата – се подготвува нов пишан документ со Бугарија…

Македонија 10.08.2022
6:58

Николоски: Оддаваме почит на хероите од Карпалак кои ги дадоа животите за Македонија

Македонија 09.08.2022
2:12

Арсовски: Скафандер министерката стана скандал министерка- после обидот за цензура во културата…

Македонија 08.08.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.