Со изградбата на Јавната здравствена установа УИ ПЕТ ЦЕНТАР во Скопје, Македонија се позиционира на едно повисоко ниво на здравствена мапа и го подигнува нивото за давање на здравствени услуги, најсовремена дијагностика и врвна научно истражувачка работа. Објектот е комплетно изграден и е со површина од околу 2.600 м2, а на настанот по повод завршувањето на градежните работи на објектот присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров, премиерот за спроведување на избори Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Изградбата на објектот и опремата која ќе биде во состав на ПЕТ Центарот е во инос од 16 милиони евра.Сите процеси во Центарот се одобрени од Меѓународната агенција за атомска енергија и целото производство треба да биде валидирано и сертифицирано од неа Овој процес на валидација веќе почна со првото производство на изотоп кое се случи на 11 декември 2015 година.Позитронската емисиона томографија претставува нуклеарно-медицинска визуелизациска техника со која се добива тродимензионално прикажување и мапирање на функционалните процеси во телото.