Брза реакција на институциите по објавеното отворено писмо од семејството Доневски до премиерот Никола Груевски, во кое мајката на Мартин Доневски имаше повеќе забелешки околу исполнување на одредени социјални бенефиции и права. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, уште истиот ден ја прими мајката во министерството при што се разговарало за нејзините забелешки наведени во писмото, како и за нејзини сугестии и проекти кои се реализираат, а се во насока на поддршка на луѓето со пречки во развојот. Семејството Доневски се стекнало со правото за помош и нега на трето лице, а во процедура е и стекнување на право на мобилност. Исто така на состанокот се разговарало и по однос на забелешките која мајката на Доневски ги имала околу системот за остварување на овие права и во делот на трансферот на посебен додаток кој го остваруваат родителите на деца со пречки во развојот до 26 години, процес кој не е променет во изминативе дваесетина години во смисла на предизвиците кои се соочуваат родителите при трансфер на ваквото право и процедурите кои се потребни и трансферот на ваквото право во право за помош и нега на трето лице кога овие деца ќе наполнат 26 години, како и остварување на правото за скратено работно време односно надоместок за скратено работно време на родителите на деца со пречки во развојот. Исто така на состанокот било договорено и средба на родители кои имаат слични предизвици со цел да се слушнат нивните потреби, сугестии и предлози и да ги земеме во предвид при реализација на програмата на работа на министерството и Владата на РМ.