Билансот на жртвите од вчерашниот силен земјотрес во Еквадор достигна 272 лица и може да се зголеми, изјави еквадорскиот претседател Рафаел Кореа во своето обраќање до нацијата. Тој истакна дека ова е најголемата трагедија во последните 67 години и се прават напори за пронаоѓање на преживеани под урнатините .Повредени се 2.068 лица, а во шест провинции во земјата е прогласена вонредна состојба. Голем број земји од регионот, меѓу кои Боливија, Колумбија и Венецуела, веќе испратија хуманитарна помош за Еквадор .