Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

Надлежните за справување со корона вирусот се без компас.
Глумењето нормализација води само кон ширење на заразата.
Вонредна состојба во државава се прогласуваше и кога имаше триесеттина новозаболени на ден, а сега кога имаме четири пати повеќе ситуацијата е нормалност.
Во моментов активни мерки за спречување на ширење на вирусот скоро и да нема.
Мерките во моментов се недоволни, и очигледно и нејасни за граѓаните.
Не може да се глуми нормалност кога гледаме како бројката на новозаразени со корона вирусот околу 10 проценти од тестираните, а достигна и околу 20 проценти од тестираните лица.
Ова говори дека многу порано требаше да се спроведува она што го предлагавме – поголем број на тестирања на населението.
Мора да има масовен скрининг на населението затоа што од ден на ден се поголем е бројот на новозаболени медицински лица.
Недозволиво е глумење на нормализација.
Нема нормализација затоа што бројката на новозаболени на ден е огромна, има и по неколку починати, а бројката на оздравени од корона вирусот е незначителна.
Едно е јасно, сега кога има високи бројки на новозаболени здравјето мора да се стави над се и пред се!