Десет приватни старски домови денеска добија грантови во висина од 750 илјади денари неповратни средства наменети за опрема и репроматеријали. На ваков начин, ќе се зголеми капацитетот за згрижување стари лица во приватни домови, ќе се обезбедат дополнителни работни места, а ќе се зголеми и конкуренцијата што треба да влијае и на подобрување на условите за згрижување.Овие 10 приватни домови, ќе отворат капацитет од околу 350 дополнителни легла за старите лица и над 100 работни места.Директорот на Агенцијата за вработување појасни дека во изминатиот период Агенцијата и МТСП заедно со основачите на овие нови капацитети за стари лица работеле на тоа да се комплетира документацијата и да се проверат условите во кои во иднина ќе бидат сместени старите лица, што резултирано со денешното доделување на грантовите од 750 илјади денари. Спасов дополнително информира и дека се очекува финализирање и на реализацијата на мерката Грант за основање приватна градинка. Досега, рече тој, има околу седум апликанти, од кои најмалку пет се очекува да ги исполнат предвидените услови и да се заврши реализацијата на околу пет гранта за детски градинки.