Димитриев: Засилен ангажман за спроведување на итните реформски приоритети

Со цел да се зголеми фокусот на реализација на планот на активности за итните реформски приоритети, владата од денес започнува со понтензивна комуникација со сите институции. Ова денес го истакна премиерот по координативниот работен состанок на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“.Тој прецизира дека од акцискиот план произлегуваат неколку стотици мерки кои задираат во речиси сите области како што се правосудството, јавната администрација безбедносниот сектор, медиумите, меѓуетничките односи…Димитриев се надева дека реформите ќе донесат и дополнителен бенефит за подобро функционирање на институциите и подобро регулирање на областите кои се предмет на истите. Тој заклучи дека добро е да има и квалитетни предлози од опозицијата бидејќи, како што рече, реформите се прават за Република Македонија и за доброто на државата, а не заради интересот на Владата или на одредена политичка партија.