Кандидатот на десно-центристичкиот блок Марсело Робело де Соуза, победи на вчерашните претседателски избори во Португалија со освоени 52 отсто од гласовите, што е доволно за победа во првиот круг. Гласачите требаше да се определат меѓу десет кандидати, најмногу во досегашната политичка историја на земјата. Најблискиот конкурент на Де Соуза, кандидатот на блокот левоцентристички и левичарски партии, Антонио Сампајо да Новоа, доби подршката на 22 отсто од Португалците. Претседателот на Португалија има главно церемонијална улога во домашната политика, но според Уставот на земјата, тој може да го распушти Парламентот во време на политичак криза. Новоизбраниот претседател ќе го наследи досегашниот шеф на државата, Анибал Кавако Силва, кој во два наврати едно по друго, беше избиран на функцијата.