

Детската Градинка „8 Март“ во населба Пржино стана енергетски ефикасна. Објектот има нова фасада и надворешна столарија, а загревањето, наместо како досега со нафта, ќе се врши целосно еколошки, со котел кој како енергенс користи биогориво. Енергетската реконструкција на оваа градинка е дел од проектот „ Енергетска ефикасност во општинските асоцијации“ финансира од страна на …
Детската Градинка „8 Март“ во населба Пржино стана енергетски ефикасна. Објектот има нова фасада и надворешна столарија, а загревањето, наместо како досега со нафта, ќе се врши целосно еколошки, со котел кој како енергенс користи биогориво. Енергетската реконструкција на оваа градинка е дел од проектот „ Енергетска ефикасност во општинските асоцијации“ финансира од страна на германското друштво за Интернационална соработка во соработка со ЗЕЛС, преку регионален фонд за југоисточна Европа на кој општина Кусела Вода аплицираше и беше најдобро рангирана од сите пристигнати апликации. За воспоставување на енергетски ефикасен модел во градинката „ 8 Март“ се потрошени 2.300.000 денари од страна на ГИС и ЗЕЛС, а општина Кисела Вода од буџетот издвоила 770.000 денари. Од ГИС велат дека со промена на системот за затоплување ќе се заштедат најмалку 50% од средствата и енергијата што е потрошена.