Нов современ апарат видео бронхоскоп е инсталиран во Детската болница Козле. Станува збор за најнова технологија, нешто што сериозно ќе помогне за унапредување на оваа здравствена дејност во болницата и на педијатриско ниво воопшто во државата. Детската болница Козле, е еден од референтните центри во Македонија за вадење туѓо тело од дишните патишта.Kикирики, лешници, ланчиња, капачиња од пенкала, ѕивани, шпенагли… Ова се само дел од предметите кои докторите ги ваделе од дишни патишта кај деца. Бронхоскопска екипа при болницата во Козле има над 50-годишно искуство, е врвна и досега нема направено ниту една грешка.Бронхоскопијата е многу ургентна и многу тешка метода и треба во неколку минути да се реагира. Досега екипата ги заслужува сите комплименти. Директорот вели дека колеги од елитни центри се зачудени како може на овој дел од Балканот да се работи таква софистицирана метода со толку голем успех.