Детската болница во Козле со европски стандарди и одлични услови

За само 4 месеци откако е пуштена во употреба новата детска клиника – Козле бројот на амбулантските прегледи е зголемен за 70%, а за 35 % е зголемен бројот на пациенти кои се хоспитализираат. За разлика од порано кога оваа установа функционираше во многу стар, дотраен објект од времен карактер денеска имаме болница која што има европски стандарди, одлични услови и одлично функционира . Директорот на детска болница „Козле“ Оливер Зафировски рече, дека оваа болницата не само што е лидер во Македонија туку и во регионот и посочи дека имаат воведено и нови методи. За четири месеци во болницата досега поминале над 15 илјади амбулантски пациенти, а времето за чекање е намалено и во еден момент може да се направат и над 100 анализи.