Најмалку 10 лица загинаа денеска при пад на транспортен авион во близина на аеродромот во Џуба, главниот град на Јужен Судан. Според локалните медиуми авионот се урнал на околу 800 метри од аеродромот во Џуба, веднаш по полетувањето. Во него се наоѓале 12 патници и членови на екипажот, од кои петмина Руси. Локалните медиуми пренесуваат дека само две лица го преживале падот, од кои едното е дете. Причините за падот на авионот засега не се познати.