​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Денеска се наоѓам во општина Чешиново Облешево , овдека сум за да направам увид на фактичката состојба со проблемот со кој што се соочуваат македонските земјоделци поточно оризопроизводителите.

Изјави 2 јули 2019 13:41

Од она што може да го видам на лице место и во разговор со земјоделците е дека оризовите полиња се суви односно вода,  доток на вода во оризовите полиња нема . Во моментот водата е најпотребна за раст и развој на оризовите полиња и дека оваа ситуација ќе значи драстично намалување на приносот и една …

Од она што може да го видам на лице место и во разговор со земјоделците е дека оризовите полиња се суви односно вода,  доток на вода во оризовите полиња нема . Во моментот водата е најпотребна за раст и развој на оризовите полиња и дека оваа ситуација ќе значи драстично намалување на приносот и една катастрофална ситуација со оризопроизводството. 

        Ние како партија и јас неколку пати изминатиов период укажував на проблемите сол кои што се соочуваат македонските земјоделци во делот на водоснабдувањето. Потенциравме дека АД Водостопанство е со блокирана сметка , вработените немаат земено повеќе од два месеци плата а од денеска мислам дека  немаат ни здравствено осигурување. 

        Укажав дека раководството на АД Водостопанство со одобрение на Зоран Заев и ресорниот министер зима енормно високи плати на сметка на македонскиот земјоделец.  Додека земјоделците молат и плачат за вода власта Зоран Заев и ресорниот министер се тотално глуви за нивните барања. 

        Уживаат во нивните климатизирани канцеларии во скапите луксузни возила , прават скапи коктели уживаат се дружат додека македонскиот земјоделец моли и плаче за помош. Оваа ситуација е повеќе од алармантна . Повикуваме веднаш и сега да се излезе на терен состојбата со водоснабдувањето е алармантна , земјоделските култури не трпат ниту еден ден без вода а камоли неколку дена . Ова што се случува сега на терен е повеќе од очајна ситуација.

        Исто така од овој крај сакам да потенцирам дека Зоран Заев , Љупчо Николовски како тогашен министер и целата влада на земјоделците од Кочанскиот  регион во

предизборието им вети дополнителни 5 денари по килограм предадена оризова арпа денеска сме втори Јули од тие пари нема ниту траг ниту глас.

        Повеќе од очигледно е дека македонските земјоделци се на дното на ранг листата на Зоран Заев. Ветуваа живот , ветуваа субвенции повисоки, ветуваа загарантиран откуп и повисоки откупни цени од тоа денеска нема ништо. Да не ја заборавиме и зелената нафта , се фалеа  дека во првите 100 дена од нивното владеење ќе ја донесат зелената нафта , поминаа повеќе од 700 дена владеење , од зелената нафта нема ни трага ни глас.

        Од ова место ги повикувам новиот министер , Зоран Заев и целата влада како што се сликаа во предизборието во 2016 да се појават овде помеѓу земјоделците , овде каде што се вади лебот на македонскиот граѓанин.

        На овие земјоделци треба да им се помогне , оставени се сами на себе , ова е повеќе од алармантно со оглед дека се неспособни, некадарни и незаинтересирани за македонското земјоделство време е да си  поднесат оставки. Време е институциите и Владата да остават на луѓе коишто сакаат , знаат и можат да се грижат за македонскиот земјоделец. Ако ова продолжи ситуацијата ќе биде повеќе од катастрофална.


Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.