“Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски оствари низа средби во Њујорк “

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во рамките на својата посета на САД заедно со партиска делегација во Њуjорк остварија средба со претседателот на советот за надворешна политика на САД Ричард Хас.На средбата со Хас, Груевски ги афирмирал приоритетите на Република Македонија во однос на надворешната политика, при што особено била истакната заложбата за членството во НАТО алијансата како стратешка определба. Груевски го запознал соговорникот со деталите од мигрантската криза како и мерките кои ги презема државата во насока на превенирање на пошироки последици. На средбата станало збор и за политичката состојба во државата како и значењето на престојните избори како единствен излез од наметнатата политичка криза.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба и со претседателот на Американскиот еврејски конгрес Џек Росен на која соговорниците разговараа за добрите и пријателски односи кои се негуваат со еврејската заедница, чекорите кои се преземани од страна на Македонија кон негување на традицијата и заштита на културното наследство на еврејската заедница присутна во Македонија. Груевски претходно оствари средба и со шефот на американското тело за набљудување на медиумите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оствари и средба со Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на атлантскиот совет која е единствена граѓанска организација на НАТО. Во рамки на посетата на САД претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Вашингтон имаше низа средби со конгресмени, сенатори, луѓе од јавниоти политичкиот живот на Соединетите американски држави.