​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Дебата за примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели

Македонија 22 ноември 2015 16:58

За потврдување на ефектите од канабисот потребни се строго дефинирани дополнителни клинички студии со кои ќе се потврди терапевтскиот ефект и користење во строго дефинирани индикации. Медикаментите на база на канабис засега даваат резултати само во симптоматската терапија. Ова денеска го констатираа доктори-специјалисти од различни медицински области, како и фармацевти, претставници на граѓанскиот сектор и …

За потврдување на ефектите од канабисот потребни се строго дефинирани дополнителни клинички студии со кои ќе се потврди терапевтскиот ефект и користење во строго дефинирани индикации. Медикаментите на база на канабис засега даваат резултати само во симптоматската терапија. Ова денеска го констатираа доктори-специјалисти од различни медицински области, како и фармацевти, претставници на граѓанскиот сектор и граѓански здруженија на јавната дебата на тема „Примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели“. Министерот за здравство на отворањето на дебатата, а во контекст на употребата на канабисот во Европа информира дека минатиот месец, вкупно 13 земји од ЕУ овозможиле употреба на канабисот во медицински цели- Тие се Чешка, Финска, Романија, Италија, Шпанија, Холандија, Франција, Австрија, Португалија, Германија, Англија, Словенија и Хрватска. Министерот го поздрави присуството на доктори-специјалисти од различни медицински области кое, како што рече, ќе овозможи од повеќе различни аспекти да се согледаат можните бенефити и ризици од примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели. Доктор Крстевски од Центарот за превенција и третман на зависници од дрога при ГОБ „8 Септември“, истакна дека пред се потребно е да се направи разлика меѓу -корисниците на дрога кои употребуваат канабис и лицата кои го користат за лекување. Потенцира дека иницијативата за употребата на канабисот не произлегува од корисниците на дрога, туку од пациентите. Доктор Кузмановски од Клиниката за неврологија појасни дека досега легислативата околу одобрувањето за користење на препаратите од марихуана се единствено кај најтешките и хроничните болни каде што има одобрување за користење за медицински цели но, потенцира, не за излекување, туку како само симптоматска терапија. Дебатата ја организираа Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија, а е иницирана од најновите научни и медицински сознанија за употребата на канабисот во медицински цели.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Филипче фатен во лага, владината Малмед тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци, потребна е кривична одговорност

10.12.2019

Мицкоски: Ќе поднесеме амандмани на Законот за јазици за тој да стане уставен, политиканството на Заев се удира од глава, ако се за правда, власта ќе ги поддржи

09.12.2019

Андоновска: Валидниот инсулин кој МЗ го уништи е од најреномираната данска фирма, се отвора сомнеж за нов тендер за фирма подобна за власта

09.12.2019

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

08.12.2019

Најнови видеа

2:46

Филипче фатен во лага, владината Малмед тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци, потребна е кривична одговорност

Изјави 10.12.2019
35:10

Мицкоски: Ќе поднесеме амандмани на Законот за јазици за тој да стане уставен, политиканството на Заев се удира од глава, ако се за правда, власта ќе ги поддржи

Изјави 09.12.2019
3:54

Андоновска: Валидниот инсулин кој МЗ го уништи е од најреномираната данска фирма, се отвора сомнеж за нов тендер за фирма подобна за власта

Изјави 09.12.2019
9:34

Дали е точно дека фирмите кон кои должи СДСМ молчат зошто добиваат закани и уцени од власта?

Изјави 08.12.2019
3:50

Презентирани докази дека власта уништила инсулин вреден еден ипол милион евра со валиден рок на траење, се бара одговорност

Изјави 08.12.2019
5:12

Македонија руши рекорди по загаденост, Заев и СДСМ ништо не преземаат освен што ги лажат граѓаните и здруженијата за заштита на животната средина

Изјави 08.12.2019
2:47

Стојаноска: Дебарчани кажуваат дека наместо План за живот, ниту било планирано живот во Дебар, ниту има некакви планови за во иднина

Изјави 07.12.2019
4:23

„Спасовски води хајка против ВМРО-ДПМНЕ, преку злоупотреба на полицијата, а молчи за долгот на СДСМ“

Изјави 07.12.2019
2:06

Андоновска: Дали скандалот во кој се уништени половина тон инсулин со валиден рок на траење треба да обезбеди нов милионски тендер за власта?

Изјави 07.12.2019
7:16

Стоилковски: Извештајот на СДСМ покажува дека имаат долг од 2.5 милиони денари – оовој е наслов ја на Боки га прати

Изјави 06.12.2019
5:52

Највкусни крцкави компирчиња од рерна брзо и лесно

Магазин 06.12.2019
25:39

44 рецепти за вљубениците на храната кои сакаат различна храна

Македонија 06.12.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.