Груевски се сретна со потпретседателот на Владата на Република Турција, Јалчин Акдоган

Премиерот Никола Груевски, денеска оствари средба со Јалчин Акдоган, потпретседател на Владата на Република Турција.
Соговорниците ги поздравија одличните односи меѓу двете земји, потенцирајќи дека постои цврста соработка која се одвива во духот на пријателството, меѓусебното почитување и разбирање.
Премиерот Груевски се заблагодари и за поддршката која Македонија ја добива од Турција во врска со нашата интеграција во НАТО. Тој ја истакна и посветеноста на Владата за реализација на реформи за унапредување на стандардите и можностите во сите општествени сфери.
Турскиот вицепремиер Акдоган истакна дека Турција целосно ги поддржува евроатлантските интеграциски процеси на Македонија и ќе продолжи да биде активен лобист во остварувањето на овие стратешки цели.
На средбата стана збор и за унапредување на соработката во областа на културата и за продолжувањето на соработката во областа на образованието и здравството.