

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се сретна со германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл, кој престојува во Македонија. Соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, создадената криза, како и за стратешките цели на државата вклучително и евроатланските интеграции на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Груевски истакнал дека се посветени кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз …
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се сретна со германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл, кој престојува во Македонија. Соговорниците разговарале за актуелната политичка состојба, создадената криза, како и за стратешките цели на државата вклучително и евроатланските интеграции на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Груевски истакнал дека се посветени кон изнаоѓање на решенија кои би значеле брз излез од политичката криза. Лидерот на владејачката партија посочил дека е потребна волја и посветеност на сите субјекти, како и нивна активна партиципација и искрен пристап. Тој посочил дека секое решение треба да биде базирано врз почитување на волјата на граѓаните и нивното расположение како главна определба и носечка сила во градењето и развојот на демократското општество. Груевски нагласил дека во носењето на своите одлуки поаѓа од интересот на граѓаните и почитување на нивната волја, притоа запазувајќи ги државните интереси.