Премиерот Груевски, денеска на маргините на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, што се одржува во кинескиот град Суџоу, оствари поголем број на билатерални средби и разговори со политичките претставници на другите присутни држави, како и средби со претставници на компании кои имаат потенцијал за инвестиции во нашата земја.Груевски оствари средба со естонскиот колега Тави Роивас на која двајцата премиери ги поздравија меѓусебните пријателски односи кои се карактеризираат со стабилност, меѓусебно почитување и взаемна поддршка. Премиерот по средбата изјави дека Естонија е земја пријател која ги поддржува стратешките интереси поврзани со европските и евроатлантските интеграции на нашата земја, и земја која е подготвена да дава поддршка,На средбата беше разговарано и за проблемот со мигрантската криза, тековните предизвици со кои што се соочуваат нашата земја и државите од Европа во врска со ова прашање, и можните решенија за надминување на предизвиците.Самитот на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина преставува значајна можност за остварување на контакти и средби со шефовите на влади и делегациите на 16-те европски држави присутни на Самитот.Груевски оствари и средби, разговори и неформални контакти со повеќето шефови на влади присутни на Самитот, меѓу кои со премиерите на Словенија, Чешка, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, како и претседателот на Полска.Македонскиот премиер на маргините на Самитот оствари и повеќе одделни средби со компании на кои им беа претставени можностите за инвестирање и конкретни проекти кои би можеле да бидат интересни и привлечни за кинеските инвеститори.Груевски се обрати и на 5-тиот Трговско економски форум на кој учествуваа 1.000 компании, дел од нив и македонски.