Груевски: Општините под раководство на СДСМ не ги користат средствата за изградба на водовод и канализација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска најави дека ќе продолжат инвестициите во изградбата или реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа во државата. Тој посочи дека преку Европската банка за обнова и развој се обезбедени околу 59 милиони евра од кои досега се искористени околу 20 милиони евра, а останатите им се ставени на располагање на општините. Вакви ситуации, покрај Куманово има и на други места, каде поради политички причини не се користат средствата кои се нудат.