​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Груевски на средба со жителите на Радожда, најдени решенија за повеќе барања на граѓаните

Македонија 25 јули 2016 13:33

Неколку дневната агенда на охридско струшкиот регион претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски ја заокружи со средба со граѓаните на Радожда која се случи во вчера попладневните часови. Жителите на Радожда изразија благодарност до владата за асфалтирањето на дел од пристапниот пат кој води до нивното населено место, како и рестартирањето на кампот Ливадиште. Присутните побараа да …

Неколку дневната агенда на охридско струшкиот регион претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски ја заокружи со средба со граѓаните на Радожда која се случи во вчера попладневните часови.
Жителите на Радожда изразија благодарност до владата за асфалтирањето на дел од пристапниот пат кој води до нивното населено место, како и рестартирањето на кампот Ливадиште.
Присутните побараа да се асфалтираат и останати околу 500 метри, за кои Груевски и ресорниот министер им ветија дека ќе бидат завршени до крајот на годината.Жителите на струшкото село Радожда на средбата истакнаа дека решавањето на проблемот со фекалната канализација за нив претставува најголем приоритет.За решавање на овој проблемот Груевски истакна дека бил запознат и разговарал со градоначалникот на Охрид Бакрачески. За финансирање на проектот, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, решението ќе се бара преку ИПА фондовите на Европската унија. Доколку не се обезбедат на овој начин прашањето со изградба на кракот кај Радожда од колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро ќе се решава со државни средства. Вкупната проценета вредност за оваа инвестиција е околу 10 милиони евра, а само за Радожда потребни се околу еден милион евра.Разговарајќи за туризмот жителите истакнаа дека туризмот во Радожда е во постојан пораст и од година во година постојано расте бројот на посетители паралелно со туристичката понуда на ова место.Во насока на развој на туризмот Груевски најави дека кампот Ливадиште освен тоа што беше повторно отворен во наредниот период следат сериозни инвестиции преку ЕЛЕМ во нови содржини, изградба на дрвени куќарки, бунгалови, за што се изработува идејно решение..Во врска со барањето за менување на столаријата и покривот во основното училиште во селото, Груевски рече дека ќе биде ставено во списокот на образовни институции на кои им е потребна реконструкција.Проблем за ова населено место е и донесувањето на Деталниот урбанистички план. Груевски и министерот Мисајловски посочија дека следува носење на законот кој би бил донесен во август, по што следува општ акт при што некаде до ноември би имало усови за решавање на ова прашање.Жителите на Радожда на средбата со Груевски изразија благодарност за посетата и за можноста на директен начин да поразговараат за сите проекти но и за сите проблеми со кои се соочуваат жителите од ова струшко село.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

14.05.2022

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

14.05.2022

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

13.05.2022

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

13.05.2022

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.