Груевски на работен состанок за оперативен план за вработување: Во моментов 28 активни мерки, во февруари 2 нови

Отворањето на нови работи места е една од примарните и главните заложби на Владата на Република Македонија, а мерките во таа насока даваат позитивни резултати. Во моментов се активни 28 мерки и оваа година се очекува преку активните мерки за вработување на Агенцијата за вработување да бидат опфатени околу 13,500 лица, од кои најмалку 8.700 ќе бидат вработени. Со активните мерки вработени се 34.000 работни места а доколку се додадат вработувањата со проектот „Македонија вработува“, станува збор за 46.000 вработување и тоа само преку активните политики на АВРМ. Додека пак за 9 години се вработени околу 150.000 лица.Со мерките за само-кредитирање од 2008 година се формирани 5.200 работни места а кај земјоделците бројката е 1.300 работни места.Покрај 28-те активни мерки во текот на месец февруари ќе се објават две нови активни мерки.Во делот на самовработување со грантови од 3.000-4.000 евра првиот оглас е веќе излезен и истиот трае до 5 февруари а вториот ќе биде објавен о мај годинава.За успешноста на мерките говорат статистиките кои покажуваат дека се отворени околу 150.000 нови работни места во период од 9 години, тоа значи дека 150.000 невработени лица се вработиле и дека на исто току семејства им се подобрил животниот стандард.