​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Груевски: Македонија е отворена за кинески инвестиции

Македонија 24 ноември 2015 15:50

Премиерот Никола Груевски, денеска заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик министерот за економија Христијан Делев, учествуваше на 4-тиот Самит на шефови на влади на земјите на Централна и Источна Европа и НР Кина и 5-тиот Економско-трговски форум што се одржува во градот Суџоу. Груевски имаше обраќање на Самитот …

Премиерот Никола Груевски, денеска заедно со владина делегација во чиј состав се вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик министерот за економија Христијан Делев, учествуваше на 4-тиот Самит на шефови на влади на земјите на Централна и Источна Европа и НР Кина и 5-тиот Економско-трговски форум што се одржува во градот Суџоу. Груевски имаше обраќање на Самитот каде се присутни 16 делегации од држави од Источна и Централна Европа и домаќинот, кинескиот премиер Ли Кечијанг. Тој посочи дека во рамките на посветеноста на НР Кина на процесот на соработка со земјите од Централна и Источна Европа и отвореност на кинеската економија за поблиски релации со нив, Македонија ја препозна и прифати можноста понудена од страна на кинеската влада за финансирање на инфраструктурни проекти во рамките на формираниот фонд со Варшавската иницијатива. Премиерот Груевски истакна дека Македонија е првата држава која потпиша конкретен договор за искористување на дел од предвидените средства за овој регион, имплементирани во изградбата на двете нови автопатски делници Скопје-Штип и Кичево-Охрид кои во моментов се во фаза на изградба. Се осврна и на можностите за идна соработка и реализација на проекти кои се од големо значење за државата и регионот. Изрази увереност дека со заеднички заложби ќе се унапреди севкупната взаемна соработка меѓу Македонија и Кина, во интерес на економската стабилност, заедничкиот просперитет на регионот и благосостојба на народите. Кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека соработката на НР Кина со државите од Централна и Источна Европа е пример за исклучителна посветеност и искористување на расположливите потенцијали. Во рамките на Економско-трговскиот форум во градот Суџоу каде се присутни над 1.000 стопанственици и претставници на компании од Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа учествуваат и претставници на повеќе македонски компании организирани од Сојузот на стопански комори. Форумот претставува можност за создавање на конекции за соработка и запознавање со бизнис климата и можностите кои се нудат за инвестирање и за зголемување на трговската размена.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

14.05.2022

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

14.05.2022

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

13.05.2022

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

13.05.2022

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.