Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со неколку партиски функционери денеска остварија средба со граѓаните од Чучер Сандево, ги посетија селата Бразда, Чучер Сандево, Мирковци и Кучевиште. Во директен контакт со граѓаните Груевски се запозна со проблемите со кој се соочува самото населени.
Граѓаните побараа од Груевски нивните барања да бидат запишани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од причина што само тогаш се сигурни дека тие ќе бидат реализирани.
Во село Бразда како главен проблем граѓаните го истакнаа локалниот пат кој во моментов е направен од „коцка“ и побараа негова реконструкција.
Груевски во село Чучер Сандево изврши увид во градежните активности за изградба на детската градинка која ќе биде со капацитет за 15 дечиња.
На средбата со Груевски граѓаните го посочија и проблемот со изградба на локалниот пат кој што води до селото Чучер Сандево.
Груевски оствари средба и со жителите на село Мирковци, а на средбата во Кучевиште, еден граѓанин со хемофилија му се заблагодари на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што преку Министерството за здравство се обезбедени лекови за ретки болести.
Жителите на село Бразда се пожалија и на проблеми при пласманот на кромидот „арпаџик“ по што е договорено заменик-министерот за земјоделство во следните денови да го посети местото за да види како може да се реши проблемот.
