Груевски во посета на Бардовци и Злокуќани

Премиерот Никола Груевски денеска беше во посета на село Бардовци и населба Злокуќани.Груевски беше придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, градоначалниците на Град Скопје и општина Карпош, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски присуствуваа на отпочнување на изградбата на плоштадот во Бардовци. Изградбата на плоштадот се реализира преку проектот на Владата за рурален развој. Плоштадот ќе биде изграден на површина од 2.000 метри квадратни и ќе биде уреден со игралиште на деца и мала фонтана.Премиерот ја посети и малата компанија, краварска фарма која е инвестиција од ИПАРД програмата а сопственикот ги користи субвенциите кои ги дава Владата.Груевски оствари и средби со граѓаните каде ги сослуша нивните предлози и проблеми и се заложи за нивно решавање, во рамките на можностите.  Груевски по средбата со жителите додаде дека еден од проблемите кои биле посочени, а со кои се соочуваат граѓаните е одреден закон со кој се усложнува работата со легализација на земјиштата.Сите се заложуваме да помогнеме на колку што е можно поголем број луѓе да им излеземе во пресрет, истакна премиерот Никола Груевски по денешната посета на населбите Бардовци и Злокуќани.