Граѓани: НЕ за насилното однесување со кое се уништуваат историските обележја на Македонија

Граѓаните им кажаа НЕ на вандализмот и насилното однесување со кое се уништуваат спомениците и историските обележја на Македонија. Наместо насилство, вандализам и крвопролевање, сакаат мир, просперитет и подобра иднина. Спомен обележјата на Карпош, Крали Марко, Мајка Тереза, Првото Заседание на АСНОМ и борците од НОБ, Спомен плоча на Илинденската епопеја, како и Егзодусот на Македонците во Егејска Македонија, се само дел од спомен обележјата поставени на Порта Македонија, која хулиганите вчера по втор пат ја демолираа. Покрај спомениците посветени на македонската историја, насилниците напаѓаа и граѓани. Ги запрашавме граѓаните дали поддржуваат вандализам и насилно сценарио со кое се уништуваат спомениците и историските обележја на Македонија. Еве ги нивните одговори: