Капиталните проекти и владините мерки за стимул на градежништвото се двигател на овој сектор кој ќе биде столб на економскиот развој и во наредните четири години. Поради интензивниот ангажман во тековните проекти потребни се повеќе работници, но пазарот има дефицит на стручен кадар и неопходни се доквалификации, со цел превенција од увоз на работна сила од странство, оцени денеска Градежната комора при Сојузот на стопански комори. Според министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, Владата постојано спроведува мерки за стимул на градежниот сектор. Нов инвестициски циклус во градежништвото, посочи Мисајловски, се очекува и со мерката со која се овозможи надградба на куќи во максимална висина до 10 метри и 20 сантиметри Роберт Хор, претседател на Градежната комора при ССК истакна дека тековните проекти и најавениот зголемен број на капитални инвестиции се сигурна гаранција за раст на градежниот сектор.