​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Господине Зоран Заев излези и прифати ТВ ДУЕЛ со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски

Изјави 13 декември 2018 15:39

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Господине Зоран Заев, ајде, ајде, излези и прифати ТВ ДУЕЛ со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски! Ајде осмели се, прифати и излези каде сакаш, кога сакаш, на кој медиум сакаш, со кој новинар сакаш на ТВ ДУЕЛ со Претседателот Мицкоски! Не биди кукавица, не биди плашлив, ветуваше дебата за се …

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Господине Зоран Заев, ајде, ајде, излези и прифати ТВ ДУЕЛ со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски!

Ајде осмели се, прифати и излези каде сакаш, кога сакаш, на кој медиум сакаш, со кој новинар сакаш на ТВ ДУЕЛ со Претседателот Мицкоски!

Не биди кукавица, не биди плашлив, ветуваше дебата за се во општеството, ветуваше дебата дека ќе има небаре секој ден. Епа еве Зоране Заев, прифати ја понудата за ТВ ДУЕЛ уште веднаш. Немој да се криеш позади паушални изјави, повели уште веднаш прифати, кажи каде ќе се одржи ТВ ДУЕЛОТ и кога.

 Граѓаните заслужуваат да го видат твоето лицемерие кон нив.

Република Македонија за жал е клекната на коленици. Зоран Заев и СДСМ ја клекнаа и ја зацрнија Република Македонија. Граѓаните немаат доверба повеќе ниту во институциите, ниту пак им веруваат на СДСМ и Зоран Заев.

Откако е СДСМ на власт, мафијата си доби држава, а државата и граѓаните секојдневно страдаат. Криминалот по улиците царува, корупцијата е навлезена во сите пори на општеството, судството е заробено од страна на Зоран Заев и СДСМ.

Оливер Спасовски и искомплексираниот Димитров најитно треба да си поднесат оставки. Ниту Оливер заслужува да биде министер на честитиот македонски народ, ниту пак Димитров заслужува кој ги омаловажува и навредува граѓаните на Република Македонија. Жалосно.

Граѓаните тонат во сиромаштија, компаниите се пред банкрот, економијата ни е крахирана. Згора на се, Заев и Тевдовски воведуваат даноци кои дополнително ќе ги осиромашат граѓаните и наместо 500.000 сиромашни ќе станат 1 милион. Бареме под итно повлекување на законот за зголемување на даноците.

Неопходно е формирање на комисија што ќе ги анализира, систематизира и преслуша разговорите од прислушувањето на јавните обвинители, судиите и нивните соработници. За ова, за овој најголем скандал треба да се сноси одговорност и некој треба да одговара.

Почитувани господа од СДСМ, ветувавте чист воздух и живот, а вие наместо тоа спиете, си играте игрици и ги исклучивте мерните станици за да не гледаат граѓаните дека во моментот е позагадено од било кога. Вратете ја назад гасификацијата и прекинете со оние мерки да го лажете народот, како што е бележењето на возилата и слично.

Бараме да ја почитувате волјата на граѓаните која ја изразија на 30-ти септември на референдумот. Целиот народ е свртен против вас, не одете против народот.

Година ипол не направивте ништо корисно и добро за граѓаните. Почитувани, еве Ви шанса да ја направите првата корисна работа за државата и граѓаните, а тоа е да ги прифатите нашите барања.

Уште еднаш до Зоран Заев. Прифати го дуелот и не се криј, каде сакаш и кога сакаш, за граѓаните и јавноста конечно да можат да пресудат кој е во право, а кој греши. А, граѓаните веќе знаат дека Зоран Заев не е во право. И Зоран Заев греши.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.