​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Годишната програма на Министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес е нетранспарентна

Изјави 11 февруари 2019 14:25

Веќе втора година сведоци сме на нетранспарентно и скандалозно носење на Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за финансирање на проекти од национален интерес. Ако во минатогодишната програма имаше дискутабилни проекти и партиско финансирање, годинава има програма за која нема кој нема реакции, почнувајќи од издавачката, драмската, музичко-сценската, музејската фела. Уште со …

Веќе втора година сведоци сме на нетранспарентно и скандалозно носење на Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за финансирање на проекти од национален интерес.

Ако во минатогодишната програма имаше дискутабилни проекти и партиско финансирање, годинава има програма за која нема кој нема реакции, почнувајќи од издавачката, драмската, музичко-сценската, музејската фела.

Уште со новонаметнатите критериуми и исклучително нискиот буџет одобрен од страна на Владата, се дефинираше генерално потценувачкиот однос кон културата. По овој невиден скандал, министерот за култура рече дека за него не би било проблем да си даде и оставка, но според она што го кажа, а во еден момент истото, само на различен начин го соопшти и премиерот Заев, требало првин да се види дали можеби во некои од случаите кои се одбиени, постоел проблем на несоодветно аплицирање. Токму тоа се прави, се разгледуваат одбиените проекти.

 Со ова еден сериозен проблем се сведува на ниво на административни пропусти. Не, овде не се работи за административни пропусти и суштината на овој голем проблем не е во одбиените проекти.

СДСМ покажа и докажа на дело и во минатото и сега во овие две години дека имаат елементарно непознавање за културата. Немаат чувство на припадност кон сопствената култура и кон уметничките вредности во културата.

Капитални инвестиции, нула. Заштита на културата, нула.  Програма каде се уништуваат значајни манифестации, бренд на културата во Македонија.

Каде води ова?

Овде се работи за многу сериозни работи кои навлегуваат во меѓуетничкото ткиво за кое многу водиме грижа, врз комплетното отсуство на критериуми.

Тука не се работи за културни вредносни критериуми, туку во игра е политика на поделба на „наши“, и „нивни“. Тука е она што најмногу боли.

Со ова, Министерот ги потценува и своите албански културни дејци.  Очигледно тој има потреба да се покаже, како спасител на нивната култура. Прашањето е од кого и на чија сметка?

Од тие причини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесат барање    за надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на министерството за култура за проекти од национален интерес и реализацијата на програмата за 2018 година.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.