

Германската компанија од текстилната индустрија STS Textiles, денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Првичната инвестиција, во капацитетите на поранешна „Застава“ ќе изнесува 4 милиони евра и ќе отвори 150 работни места. Плановите на компанијата според сопственикот Маркус Туч, се бројот на вработени долгорочно да достигне 1.000. -Нашата компанија се занимава со текстил, лоцирани сме …
Германската компанија од текстилната индустрија STS Textiles, денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Првичната инвестиција, во капацитетите на поранешна „Застава“ ќе изнесува 4 милиони евра и ќе отвори 150 работни места. Плановите на компанијата според сопственикот Маркус Туч, се бројот на вработени долгорочно да достигне 1.000. -Нашата компанија се занимава со текстил, лоцирани сме во Германија, а ова е второто место кое го избравме за да продолжиме со нашето производство. Ние посетивме неколку земји за таа прилика, ги посетивме Холандија, Бугарија, Романија и Македонија, но по напорите што ги вложија Пешевски, Шеќеровски и нивниот тим ние решивме дека треба да инвестираме тука. Регистрацијата на новата компанија ќе се случи во текот на наредната недела. Нашите планови да започнеме со технологијата се однесуваат на првите неколку месеци, на почеток ќе започнеме со вработување на 150 луѓе, а во текот на наредните години во целиот процес ќе се вработат околу 1.000 луѓе. Среќни сме што сме тука и сакаме да им понудиме на луѓето во Демир Хисар и околината да се пријават за вработување. Вицепремиерот Пешевски потенцира дека STS Textiles е високо технолошка компанија која лани од германскиот магазин „Менаџер“ е прогласена за најиновативна компанија во оваа дејност во Германија. Влезот на оваа компанија на македонскиот пазар, според Пешевски, ќе овозможи директни и индиректни вработувања, воведување нови технологии, трансфер на знаења и вештини на локалното население, развој на демирхисарскиот регион и намалување на невработеноста. Заменик-директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и учесник во преговорите за инвестицијата, нагласи дека вложиле многу труд и време да го убедат менаџментот на компанијата дека Македонија е добар избор за нив и оти Владата и општината ќе бидат нивен партнер ко целосно ги поддржува во реализација на инвестицијата. На објавувањето на инвестицијата присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за странски инвестиции Џери Наумов. Инаку, оваа инвестиија Груевски ја најави на 24-ти јануари годинава, при обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. -Она што претходно го најавив, денес се остварува. Официјално е потврдено дека германската компанија STS Textiles ќе инвестира во Република Македонија, напиша денеска Груевски на својот ФБ профил и додаде дека продолжуваат да работат и да се борат за секое ново отворено работно место.