Германската компанија денеска во Владата го потпиша договорот за реализација на нивната инвестиција во земјава. Ќе инвестира 15 милиони евра и ќе вработи 200 лица. Компанијата ќе инвестира во изградба на производствен погон и административна зграда кои ќе се протегаат на површина од 15.000 метри квадратни во ТИРЗ Бунарџик. Ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина. Премиерот Никола Груевски оваа инвестиција ја најави кон крајот на месец декември. По вчерашната инвестиција во Велес, заедно со оваа, за два дена се најавени нови 1200 вработувања.