Во 2016 година цената на огревното дрво останува иста, ќе се воведе нов начин на продажба

ЈП „Македонски шуми“ за 2016 година воведува нов начин за продажба на огревно дрво и техничко дрво. Од денеска започнува јавниот повик до сите физички и правни, а апликациите ќе треба да се поднесат во строго утврден рок. Целта на овој транспарентен начин за набавка на дрво од Македонски шуми е со цел да се скратат роковите за доставување на дрва и прецизно да се утврдат количините на дрво кое што треба да се испорача до крајните потрошувачи. Цената на буковото и дабовото дрво и во 2016 година остануваат исти како и во 2015 година. Граѓаните буково огревно дрво ќе можат да набават за 2370 денари по метар квадратен и дабово дрво за 2450 денари по метар квадратен. Пензионерите и лицата од социјално ранливите категории за огревно дрво ќе можат да аплицираат најдоцна до 15,03,2016 година и огревното дрво ќе можат да го купат на 8 рати. Сите други физички лица исто така ќе можат да аплицираат со 15,03 со плаќање на 5 рати. Заинтересираните граѓани повеќе информации ќе можат да добијат на веб страната на македонски шуми и преку медиумите.