Во пожар во болница во Саудиска Арабија 25 загинати

25 лица загинаа, а над 100 се повредени во пожар кој во текот на ноќта избувна во болница во Саудиска Арабија . Пожарот во градската болница во Џазан, престолнина на истоимената провинција, избувнал на првиот кат, каде се породилното и одделението за интензивна нега. Се истражуваат причините за пожарот.