Стоиме пред сериозен предизвик, Македонија каква што ја сакаме, знаеме и почитуваме ни исчезнува пред нашите очи.

Пред да го направите изборот на 21-ви април за неколку денови, запрашајте се дали е ова земјата во која сакате да живеат вашите деца.  Дали од луѓето на власт се уште можете да очекувате нешто подобро и дали мислите дека ќе ги исполнат нивните ветувања.

Дали смееме да ја препуштиме апсолутната власт во рацете на овие луѓе кои за две години успеаја да го урнат сонот на гемиџиите, илинденците и партизаните.

Како никогаш порано се откажаа од своите сограѓани за да си ја приватизираат и распродадат државата. Треба сите да се запрашаме каде сакаме и каде ја гледаме Република Македонија.

Од една страна имаме кандидат во ликот на Пендаровски кој постојано се повикува на Европската Унија иако веќе очигледно станува дека пристапувањето кон преговорите е се подалеку и покрај  авионските селфи фотографии, бидејќи не е доволно само да си ја свиткаме кичмата и да си ја распродадеме историјата.

Позади него стои партија која е стерилна во однос на реформите и сервилна во однос на соседите.

ВМРО-ДПМНЕ  како народна партија нуди кандидат кој пред се е истакнат борец и критичар  на сите негативни случувања во Република Македонија во изминатите дваесетина години во ликот на проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова.

Тоа е жената која е горда Македонка и жена која ќе се залага за правда, правдина, реформи, жена која ќе ја направи Македонија земја на достоинствени граѓани.

Прашањето кое ќе си го поставиме сите заедно е дали ќе бидеме пасивни сведоци на разнебитувањето на единствената наша татковина или ќе застанеме одлучно исправени и заеднички ќе одлучиме за нејзината иднина.

Ве повикуваме сите во недела на 21-ви април заеднички да ја замениме неправдата со правда, заеднички да ја избереме нашата идна претседателка на никогаш Северна, Република Македонија. Да го заокружиме бројот 2 за професорката Гордана Сиљановска Давкова, затоа што овој пат татковината не повикува.