„Водовод и канализација“ со рекордни инвестиции во 2015, Атанасов најавува засилено темпо на работа и годинава

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ изминатата 2015 година ја заврши со рекордни инвестиции во водоводната и канализационата мрежа, информира денес директорот на претпријатието.Тој додава дека реализрани се и околу десетина поголеми инвестиции на барање на граѓаните, а произлезени од теренските посети на Владата. Дел од нив се реконструкција на мрежата на улиците „Скупи“, „Јордан Мијалков“, улица 2 во Сарај, улица Сердарот трета фаза, како и почеток на изградба на нов водовод во општина Шуто Оризари.Во врска во изградбата на новата Управна зграда на Јавното претпријатие, директорот посочува со засилено темпо се привршуваат работите. Поради временските услови и барање на изведувачот, информира Атанасов наместо до април, рокот на финално вселување се поместува за јуни-јули оваа година.