​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

ВМРО-ДПМНЕ ги повика антикорупционерите да испитаат неколку случаи на можна корупција во Владата на СДСМ

Изјави 8 мај 2019 14:55

Денеска сме повторно пред антикорупциската комисија да ја потсетиме на уште неколку сомнителни случаеви на корупција од страна на актуелните функционери на Владата на СДСМ. Ги повикуваме и охрабруваме, а воедно и поддржуваме антикорупционерите да ги испитаат следниве случаеви на можна корупција во Владата на СДСМ. Да потсетиме дека Фондот за иновации го имаше најкриминалното …

Денеска сме повторно пред антикорупциската комисија да ја потсетиме на
уште неколку сомнителни случаеви на корупција од страна на актуелните
функционери на Владата на СДСМ.
Ги повикуваме и охрабруваме, а воедно и поддржуваме
антикорупционерите да ги испитаат следниве случаеви на можна корупција во
Владата на СДСМ.
Да потсетиме дека Фондот за иновации го имаше најкриминалното делење
на грантови пред точно 10 месеци. Десетици фирми со блиски конекции до
Владата добија грантови во вредност од неколку милиони евра, пари на
граѓаните.
Ги повикуваме антикорупционерите да испитаат како беа првично
доделени грантови на фирмата КАСТ ИНВЕСТ во која што еден од сопствениците
е и Вицепремиерот Кочо Анѓушев која што доби над 160.000 евра од Фондот за
иновации?
Како печатницата „Гинис” од Прилеп чиј сопственик е пратеникот од
СДСМ, Хари Локвенец доби 10 милиони денари грант од Фондот за иновации?
Како беше можно баш снаата на Цветанка Ласкова која е советничка на
Заев, да добие дури 360 илјади евра државни пари за фирмата за информатичка
технологија „Декодиск“ кои планирале да развиваат апликација?
Како беше можно баш претседателот на ОО Кавадарци Горан Тодоров, да
добие 296.000 евра од Фондот за иновации за нова амбалажа и вкус на алое
вера за фирма „Кодинг – Горска“ ДООЕЛ?
Како беше можно баш Александар Семенпеев, советникот на СДСМ во
Општина Богданци, кој е и сопственик на печатницата „Софија“ ДООЕЛ
Богданци, да добие грант од Фондот за иновации во вредност од на 1 милион
денари.
Како беше можно баш фирмата „Т- сенс“ во којашто малцински
сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми да добие грант од
65 илјади евра за иновација за софтвер за продажба на производи на
скандинавскиот пазар?
Јавното обвинителство за истите овие случаеви отвори постапки кои
никогаш повеќе не беа споменати,односно беа само со една цел да се замаји и
дефокусира јавноста па еве им простор на антикорупционерите ако се
подготвени да ја спречат корупцијата да ги отворат овие случаеви и да ги сведат
до самиот крај.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.