​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Власта ја зголемува даночната стапка на 15% за кирии на станови и деловни простории

Изјави 29 ноември 2018 15:08

Владата на СДСМ заедно сo министерот за финансии, Тевдовски со воведувањето на новиот Закон за персонален данок на доход дополнително ќе го оптоварат и онака тешкиот животен стандард на студентите. Во услови кога Македонија се соочува со катастрофални економски политики, ефектот од новата стапка за ПДД за наем или кирија на недвижности во висина од …

Владата на СДСМ заедно сo министерот за финансии, Тевдовски со воведувањето на новиот Закон за персонален данок на доход дополнително ќе го оптоварат и онака тешкиот животен стандард на студентите.

Во услови кога Македонија се соочува со катастрофални економски политики, ефектот од новата стапка за ПДД за наем или кирија на недвижности во висина од 15%, дополнително ќе ги зголеми трошоците за живот на студентите, посебно на студентите во Скопје.

Киријата на становите во Скопје ќе поскапи, на штета на македонската интелигенција, за која и онака оваа власт не води никаква сметка за обнова на постоечките студентски капацитети, а камо ли пак да се изградат нови.’

Ако трошоците за сместување во државните студентски домови изнесуваат во просек 3.800 денари месечно, тогаш секој студент во просек ќе плаќа 9 евра месечно повеќе кирија или тоа е секој месец повеќе трошоци во износ од над 550 денари. Трошоците за живот на секој студент месечно ќе се зголемат за над 14,5%!

Уште повеќе што многу човечки судбини на граѓаните од внатрешноста кои живеат и работат во Скопје, исто така ќе бидат загорчени од новата даночна политика на Тевдовски, која што декларира задолжување. Многу семејства ќе бидат директно загрозени и погодени од оваа штетна даночна политика, која прави широк раздор меѓу богатите и сиромашните, и ствара еден огромен јаз.

Со ваквото даночно решение на Заев и Тевдовски, богатите ќе станат уште побогати, а сиромашните ќе станат уште посиромашни.

Цената на недвижнините ќе се зголеми за 15%, а директно на удар ќе бидат младите брачни парови, кои бараат нов дом за себе и за своите семејства.

Ако трошоците за струја месечно, изнесуваат пример 2.400 денари во просек по домаќинство, тогаш младите брачни парови ќе плаќаат еден и пол месец повеќе струја во износ од 60 евра месечно или тоа е најмалку 3.700 денари во просек. Трошоците за живот за секој млад брачен пар, на годишно ниво во просек ќе се зголемат за над 12,5%!

Расипничкото трошење на оваа власт, и неводењето сметка за еднаквоста на граѓаните, со ваквото даночно решение, директно ќе го оштети и уништи најголемиот работодавец во државата – микро и малиот стопански сектор, а посебно микро производниот сектор и конфекциската индустрија, на кои директно ќе им се зголемат трошоците на кирија на просторот, во кој макотрпно ја обавуваат нивната стопанска дејност. 15% кирија, значи отпуштање на работници, посебно во конфекциските капацитети, и задушување на микро и малиот стопански сектор.

Цената за задолжувањата и расипничките трошења на оваа власт на СДСМ, ќе ја платат студентите, микро и малите стопанственици и вработените во конфекциските капацитети, чии трошоци за живот ќе бидат зголемени, со цел да платат повеќе данок на оваа ненародна власт, а со крајна тенденција да се исплатат кредитите и каматите од секојдневните задолжувања на министерот Тевдовски, на Зоран Заев и СДСМ.

Оваа власт колку подолго се задржи, толку поголеми последици ќе остави во животот и стандардот на граѓаните. Тие немаат апсолутно никаква визија, знаење и капацитет да ја подобрат економијата во Република Македонија.

Затоа што побрзо си заминат, толку подобро за Република Македонија и толку побрзо Република Македонија ќе тргне напред!

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

14.05.2022

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

14.05.2022

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

13.05.2022

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

13.05.2022

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.