​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Власта тоне во својата бесрамна однароденост

Изјави 11 декември 2018 15:26

Власта тоне во својата бесрамна однароденост. Се уште нема никаква реакција од власта, нема одговори по тешките навреди, нема одговорност по се оно што го кажа министерот за надворешни работи, Никола Димитров за македонскиот народ. За Димитров македонскиот народ е искомплексиран. Па ако во македонското Собрание тој тоа го вели, како ли и дали воопшто …

Власта тоне во својата бесрамна однароденост. Се уште нема никаква реакција од власта, нема одговори по тешките навреди, нема одговорност по се оно што го кажа министерот за надворешни работи, Никола Димитров за македонскиот народ. За Димитров македонскиот народ е искомплексиран. Па ако во македонското Собрание тој тоа го вели, како ли и дали воопшто ги брани македонските национални интереси надвор од земјава?

Нема реакција од власта ниту за Спасовски, министерот за прогон и терор, и по сите црнила на улиците и цветањето на криминалот низ државата. Нема одговорност, нема одговор ниту за било кое од барањата кои што ги упати ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт!

Мора итно да се стави крај на црнилото во која што СДСМ на чело со аболираниот Зоран Заев ја зави Република Македонија. Ќе повторам, оваа наметната власт не води битка за добробитта на народот, оваа власт води битка со народот, со опозицијата, води битка за што поголемо омаловажување на народот, за економско пропаѓање на државата и граѓаните преку повисоки даноци кои што го осиромашуваат и бизнисот и работниците, оваа власт води битка со јасно изразената волја на граѓаните злоупотребувајќи ја најмоќната алатка на демократијата – референдумот!

Почитувани, и денеска ќе ги повториме нашите барања, барањата на Коалицијата „За Подобра Македонија“, во насока да се стави крај на црнилата во кои што е завиена Република Македонија.

  • ВМРО-ДПМНЕ бара итна и неотповиклива оставка на однародениот министер којшто својата нација ја нарече „Искомплексирана“ нација. Министерот зема буџетска плата благодарение на ова нација, ужива во привилегиите со буџетот да го школува семејството надвор од Република Македонија, и упатува непростлива навреда кон истиот тој народ.
  • ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара итна и неотповиклива оставка на министерот за терор и прогон, Оливер Спасовски. Спасовски откако е министер реди само порази, мафијата ги презеде градовите, се случуваат убиства кои останаа нерасчистени, а тој води шпионски акции, претреси и омаловажувања на според СДСМ политички неподобните граѓани на Република Македонија.
  • ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара веднаш да сопре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија.Во услови на економски колапс, дупка од капитални инвестиции, отсуство на инвестиции, однародената Власт мора да престане со осиромашувањето на бизнисот и дополнително осиромашување на народот, на сметка на свое лично богатење на властодршците.
  • Бараме веднаш да продолжи проектот за гасификација на Република Македонија, и тоа  од централно до општинско ниво. Тоа е вистинскиот чекор за навистина почист воздух. Да престанат лагите, декларативните ветувања за некакви лажни еколошки зафати.
  • ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бара веднаш да се формира независно тело кое ќе се занимава црниот Вотергеј на Заев, прислушувањето на обвинители и сите судии. Да биде предводено од човек на предлог  на опозицијата, со задача да ги преслуша, анализира, систематизира материјалите од прислушувањата. Да се истражат нарачаните пресуди, нарачаните обвиненија за луѓето од 27-ми Април, нарачаните обвиненија за ВМРО-ДПМНЕ.
  • Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ во име на Коалицијата и во име на   слободната мисла и слободно изразената волја на народот, бараме почитувања на јасно изразената волја на народот на референдум. Не смее да се изигрува Референдумот, кој што однародената власт не успеа да го намести, да го фингира и покрај сите манипулации со брзо гласање. Не смее да се продолжи со изигрување на демократијата со непочитувањето на најдемократската алатка и волјата на граѓаните.

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е тоа кое им пречи на оваа криминогена власт, на криминалните глави, полни со монструозни идеи против сопствениот народ, неморал натоварен со грст златници.

Почитувани, време е да застанете, секаде секој на свој начин, да застанете рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ, со Коалицијата „За подбора Македонија“, со македонскиот народ за што поскоро да го победиме ова зло предводено од аболиран политичар чиешто име е Зоран Заев.

Македонија е во прашање, придружете се утре, но и на протестите секоја следна среда во 17 часот, за што побрзо да го поразиме и СДСМ и Зоран Заев и црните политики наметнати со оваа црна власт за една намена.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.