​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Власта дели откази заради реваншизам и различно политичко мислење

Изјави 14 декември 2018 14:42

Република Македонија е единствената држава во Европа во која се води постапка против најголемата опозициска партија и во која што политичкиот прогон станува основен начин на делување на власта. Република Македонија е единствената држава во Европа каде што поранешни функционери се испраќаат во притвор врз основа на фабрикувани службени белешки, а се носат пресуди какви …

Република Македонија е единствената држава во Европа во која се води постапка против најголемата опозициска партија и во која што политичкиот прогон станува основен начин на делување на власта.

Република Македонија е единствената држава во Европа каде што поранешни функционери се испраќаат во притвор врз основа на фабрикувани службени белешки, а се носат пресуди какви што ќе нарача премиерот кој што три пати претходно е аболициран за тежок криминал.

Наместо да оди напред, со секој изминат ден со однародената и криминогена и црна власт, Република Македонија оди назад и се оддалечува од европските стандарди.

Во Република Македонија криминогената власт го узурпира целиот систем и ги злоупотребува институциите за политички пресметки.

Република Македонија и официјално е држава во која што се бркаат луѓе од работа само заради тоа што имаат различен политички став од криминогената власт.

Република Македонија е земја во која што се делат откази само заради укажување nа лошите политики на актуелната власт.

Последниот пример е отказното решение со кое што му е прекинат работниот однос на Цветан Трипуновски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Цветан Трипуновски е избркан од работа само заради тоа што е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заради тоа што во име на партијата јавно изразуваше сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на земјоделците.

Цветан Трипуновски не е избркан од работа заради тоа што не ги исполнувал службените обврски, туку избркан од работа заради тоа што надвор од работното време како член на ВМРО-ДПМНЕ ги презентирал партиските ставови со кои што се укажува на пропустите на актуелниот министер и се предлагаат мерки со кои би се подобрил статусот на земјоделците.

Цветан Трипуновски е избркан од работа бидејќи на 24-ти август укажал дека повеќе од 20.000 тони сливи скапуваат, а земјоделците се соочуваат со егзистенцијална криза и побарал откупна цена од 12 денари за килограм.

Цветан Трипуновски е избркан од работа бидејќи на 19-ти септември укажал на штетата од изјавите за производство и продажба на ГМО ориз без конечни анализи.

Токму овие две прес конференции се официјално наведени во образложението врз основа на кое е изречена дисциплинска мерка престанок на работниот однос. Да биде апсурдот уште поголем, прес конференциите не се држени во работно време, туку по завршување на истото. За ова може да посведочите и вие како медиуми.

Ова го нема ниту во најмрачните и најдиктаторски држави. Се брка човек од работа со апсурдно образложение дека бил главен наратор на прес конференција и како претставник на политичка партија нанесува директна штета врз угледот на институцијата и ја поткопува довербата во администрацијата.

Вистината е една. Оваа криминогена власт е неспособна да направи било што позитивно. Аболицираниот Заев и неговиот послушник министерот Љубчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена и го урнаа стандардот на земјоделците.

За да добијат гласови лажеа дека ќе обезбедат сигурен откуп на земјоделските производи, а сега земјоделските производи скапуваат по нивите. Црнилата кои ги донесоа Заев и Николовски ги осетија и производителите на јаболка, сливи, бостан, пченица, зелка, домати, ориз итн. Нема гранка која што не трпи штети од криминогената власт.

Сега мислат дека со репресија и сеење страв ќе ја замолкнат критиката.

Ние имаме само едно да им порачаме, одете си со арно додека сеуште не е доцна. Не заплашувате никого. Не ги заплашувате ниту земјоделците, а уште помалку успевате да не заплашите нас. Одете си пред да направите штети кои нема да може да се надоместат!

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите правни средства против политичкиот реваншизам на власта, и сите кои ги злоупотребуваат институциите за политички пресметки ќе одговараат.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.