​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Власта да престане со политичкиот прогон, упадот во домот на Димовски е обид за политички притисок и злоупотреба на институциите

Изјави 1 февруари 2019 22:17

Да се апси пратеник од опозицијата и да се бара одземање на неговиот имунитет за да биде испратен во притвор е пракса која не е позната во демократска Европа, туку во земји окупирани од криминалните картели. Денешниот упад во домот на пратеникот Љупчо Димовски не е ништо друго освен обид за политички притисок и злоупотреба …

Да се апси пратеник од опозицијата и да се бара одземање на неговиот имунитет за да биде испратен во притвор е пракса која не е позната во демократска Европа, туку во земји окупирани од криминалните картели.

Денешниот упад во домот на пратеникот Љупчо Димовски не е ништо друго освен обид за политички притисок и злоупотреба на институциите за пресметка со сите оние кои не се согласуваат и се спротиставуваат на антидржавните политики на Зоран заев.

Нашиот колега Љупчо Димовски веќе еднаш беше жртва на политички прогон од страна на власта. Без никаква основа го гонеа за измислено кривично дело тероризам, само и само за да го скршат и да го натераат да ја поддржи промената на името и бришењето на македонскиот идентитет, култура, историја и традиција. Зоран Заев и криминалниот картел околу него не успеаја во намерата. Љупчо Димовски продолжи да ги брани државните и национални интереси и не го поддржа штетниот преспански договор, ниту измените во уставот со кои што Заев ја брише Република Македонија.

Неговото повикување денеска е класична одмазда и чин со кој што треба да се заплашат сите неистомисленици на Зоран Заев. Кога вакво нешто може да му се прави на опозициски пратеник избран од граѓаните, тогаш што може криминалниот картел да му спакува на обичен граѓанин ? Ова е пораката која што Зоран Заев сака да ја испрати во јавноста, но залудно.

Денеска видовме дека целиот систем се злоупотребува од Зоран Заев. Зоран Заев е нарачателот , а извршители се Оливер Спасовски, Русковска обвинителството и Кацарска судството. Денеска видовме дека и полицијата и обвинителството и судот се целосно седнати во скутот на Зоран Заев и дека нивна единствена цел е да дискредитираат, заплашуваат и прогонуваат неистомисленици.

ВМРО ДПМНЕ и пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“ најостро го осудува денешниот упад во домот на нашиот колега Љупчо Димовски и бара власта да престане со политичкиот прогон. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бараат власта да се откаже од намерата за одземање на имунитетот на нашиот колега Љупчо Димовски.

Политичкиот прогон врз поранешните министри за земјоделие покажува дека Зоран Заев и криминалниот картел се во паника. Гледаат дека веќе немаат поддршка од граѓаните и во пресрет на изборниот пораз посегнуваат по најбрутална злоупотреба на институциите.

Ова лудило на власта мора да запре. Наместо да се изживува врз неистомисленици, Заев нека распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Нека го прифати нашето барање за распуштање на собранието и нека провери што мисли народот за неговата срамна политика. Тоа е најдобро и за државата и за граѓаните.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.