​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Власта да не се дрзнува да ја попречува волјата на народот и да не пристапува кон методите на фалсификат како што тоа го правеше за време на референдумот

Изјави 19 април 2019 14:15

Денес е последниот ден од првиот круг на изборната кампања за претседателските избори. Иако во изминатите месеци тивко се зборуваше, последниве денови се погласно се говори од страна на експонентите на власта дека, наместо да избираат граѓаните,  можен е избор на претседател во Собранието на Република Македонија. Сакам да бидеме на јасно, ова е сценарио …

Денес е последниот ден од првиот круг на изборната кампања за претседателските избори.

Иако во изминатите месеци тивко се зборуваше, последниве денови се погласно се говори од страна на експонентите на власта дека, наместо да избираат граѓаните,  можен е избор на претседател во Собранието на Република Македонија.

Сакам да бидеме на јасно, ова е сценарио за суспендирање на волјата на граѓаните, поништување и укинување на правото граѓанинот директно, на непосредни избори да го избира својот претседател.  Добро се знае кој го има мнозинството во Собранието, исто како што се знае и начинот до кој дојдоа до тоа мнозинство.

Со ова изборот на претседател ќе се сведе на трговија со услуги наместо да биде јасна волјата на народот изразена непосредно на избори.

Сценариото што го најавуваат е повторно да заплашат дека можат и без народот како што тоа го направија со измените на Уставот.

Да се поништува волјата на граѓаните и да се избира претседател наместо на избори, во Собрание, не е баш Европска Македонија, а уште помалку некакво одење напред. Тоа е огромен чекор наназад,  во уште потемни времиња за Република Македонија.

А зошто ова го прават и зошто е ова сценарио на Зоран Заев?

Зошто знаат дека на фер и демократски избори ќе загубат, катастрофално ќе загубат, исто како што знаат дека народот доаѓа по своето оваа недела. Затоа се нервозни, затоа прават сценарија, ставајќи се над законите и над Уставот. Но треба да знаат дека не се господари на волјата на граѓаните, туку тие треба да бидат слуги на државата Република Македонија.

Кој е начинот да се избегне ова сценарио на кое сега јавно предупредувам?

Да се излезе, да се излезе што помасовно во недела, во што поголем број и да се покаже дека народот е главен  и суверен во оваа земја и дека правдата ќе победи, правдата ќе го казни Заевизмот за сето она што го ветија, а не го направија и за се она штетно што испорачаа. Сега е моментот кога треба да се биде гласен и да се преземе судбината во своите раце.

Власта да не се дрзнува да ја попречува волјата на народот и да не пристапува кон методите на фалсификат како што тоа го правеше за време на референдумот. Тоа овој пат нема да помени.

Излезете почитувани сограѓани, добри луѓе, излезете и гласајте за промени. Ваквите сценарија може да бидат победени само со гласот на народот, а ние заедно ќе испратиме порака дека Македонија е на народот. На секој еден човек кој сака подобар живот, промени , правдина и честитост.

21 април е почетокот на крајот на Заев Зоран и неговите слуги.

Гордана ќе биде, а победата на Гордана ќе е победа на народот, на правдата, чесноста, принципите и честитоста. Ние се бориме и заеднички ќе се избориме за Македонија горда и достоинствена, вистински напредна.

Сосема на крајот, сакам да посочам нешто, гледам дека Заев Зоран сака очајно сопствениот неуспех и евентуалниот неуспех на неговиот кандидат да го препише на мене. Освен тоа што цела јавност е веќе свесна за каков човек станува збор, човек за кого искажаниот збор нема никаква вредност ниту тежина лесно го менува, сепак би сакал да истакнам дека во ситуација кога, како што би рекол еден политичар, идеолошки блиската опозиција во Република Македонија ќе освои многу повеќе гласови од власта вака здружена на купче сите оние транзициони ликови, јасно е дека си бара алиби да објасни пред членството како ја довел партијата што ја води до такво дереџе и јасно е дека алтернативните сценарија што ги споменува, а кои се со цел да се избегне волјата на народот се само во неговата глава, во неговиот ум и во главата евентуално на неколкумина неговите блиски слуги кои што се уште остануваат да го поддржуваат.

Народот масовно ќе излезе во недела и ќе ги казни овие анационални, антидржавни и криминални политики во Република Македонија.

Правдата ќе ја победи неправдата!

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.