​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Власта ги зацрнува зелените пазари, СДСМ ќе остави 20.000 семејства без животна егзистенција

Македонија 4 јануари 2019 14:29

Однародената власт продолжува со својата елитистичка филозофија „поскап живот за најевтините“. Власта удри по една од најчесните, но најранливите категорија, воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари. Воведува високи лиценци- по текот едно лице една тезга, со што дури на една третина од трговците на зелените пазари …

Однародената власт продолжува со својата елитистичка филозофија „поскап живот за најевтините“. Власта удри по една од најчесните, но најранливите категорија, воведе мерка за бркање на пензионери, хонорарци и оние кои се вработени од зелените пазари. Воведува високи лиценци- по текот едно лице една тезга, со што дури на една третина од трговците на зелените пазари законски им забрануваат да тргуваат на зелените пазари. Воведоа и казни од 1500 до 2000 евра! Без да бидат земени во предвид фактите за оние кон кои се однесува оваа црна мерката, се наметнува лиценци, а потоа ќе казнуваат!

Оваа власт повторно ја покажува својата негрижа за народот, за оние кои едвај преживуваат, кои се на минималец, со мала плата помола, со хонорар или со пензија, оние на кои не им стасува да преживеат во услови на спиралата на поскапувања. Власта ги брка од пазарите најранливите категории, оние кои што чесно го дополнуваат буџетот за корка поскап леб.

Со црната мерка засегнати се една третина од оние кои што тргуваат на зелените пазари, најмалку 20 илјади луѓе, 20 илјади семејства, што би се рекло 80 илјади усти за ранење! Нив ги брка, а тезгите ги остава на крупните прекупци од кванташките пазари! Да се разбереме, оние кои што имаат повисока плата, не стојат на пазарите!

Зоран Заев, како сам се опишува црпнатиот од нива, заборави и на нивите и на родот и на земјоделците и на пазарите. Во услови на девастирано земјоделие, удира по ситните производители, удира по земјоделците, удира и на голема група кои купувајќи од нив, за пониска цена носат храна дома! Но за оваа мерка на Министерството за економија, Министерството за Труд и социјална политика нема замерки! Нема замерки иако директно зафаќа најмалку 20.000 ранливите граѓани!

За оваа мерка нема реакција ниту од Министерството за земјоделство, иако оваа мерка дополнително силно ќе влијае и врз откупните цени на производите, кои да потсетиме без пласман останаа необрани, или на буниште!

Оваа мерка ќе допринесе за заштита на големите трговци, големите прекупци по пазарите и маркетите.  Оваа однародена мерка на црната власт не води сметка за тоа што ќе се засили сивата економија, ќе се продава на црно, на диви пазари, а државата нема да си го наплатува делот.

Власта ги зацрнува зелените пазари. Црната мерка е спротивна со принципите на слободната пазарната економија, но и е противуставна. Според Уставот секому му е загарантирано право на работа и остварување дополнителен приход.

Никој што е поврзан со делот на трговија на зелените пазари нема објаснување зошто пензионери, хонорарци или вработени легално не би тргувале на зелените пазари и со тоа да го дополнуваат тенкиот семеен буџет?

Го осиромашија народот, ги скратија примањата, пензиите, ги дигнаа акцизите на горивата, го уништија земјоделството. Ранливите категории на сила ги влечеа од пазарите, им ги шутираа производите, а сега носат и закон со кој што дури 30% ќе бидат спречени чесно да спечалат денар повеќе! И притоа ќе казнува со илјадници евра!

Оваа црна власт мора веднаш да престане со хајката по луѓето од зелените пазари,  казните со илјадници евра, понижувањето на оние кои чесно работат. Црнилата мора да запрат. Колку побрзо оваа забегана власт за една намена си замине, толку подобро за сите во Република Македонија!

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.