​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Владата на Заев со повисоката цена на струја овозможува поголем приход за ЕВН од 20 милиони евра

Изјави 23 август 2020 13:26

Владата на Заев прави богатење на енергетските компании на грбот на народот преку зголемување на цената на електричната енергија.Сведоци сме на состојба во која веднаш после завршување на изборите следуваше нов шок за граѓаните и зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 %.Според секоја економска логика намалената потрошувачка на електрична енергија поради корона кризата, …

Владата на Заев прави богатење на енергетските компании на грбот на народот преку зголемување на цената на електричната енергија.
Сведоци сме на состојба во која веднаш после завршување на изборите следуваше нов шок за граѓаните и зголемување на цената на електричната енергија за 7,4 %.
Според секоја економска логика намалената потрошувачка на електрична енергија поради корона кризата, треба да значи и рационализација на трошоците кај сите енергетски компании, а не директно зголемување на цената за крајните потрошувачи, во време на криза товарот од кризата треба да го понесат сите чинители, а не само крајните потрошувачи, кои освен сиромаштијата на товар го имаат и здравствениот проблем со вирусот, кој никако не престанува да се шири. Значи целиот товар паѓа на грбот на граѓаните.
Доколку цената на електричната енергија останеше иста, т.е. не се зголемеше, енергетските компании во 2020 година ќе оствареа приход од: 16.106.756.099 денари.
Со зголемувањето од 7,4% овој приход за истата енергија ќе биде: 17.303.879.863 денари.
Или разликата во остварениот приход поради зголемување на цената изнесува:
1.197.123.764 денари што претставува 19.370.935 илјади евра.
Ова се парите од зголемувањето на цената на струјата кои ќе се слеат во енергетските компании, а ќе паднат на товар на граѓаните на Република Македонија. Односно скоро 20 милиони евра товар врз граѓаните.

Точно е дека „Корона“ кризата се одрази на целокупната економија во државата, па и на компаниите кои се занимаваат со бизнисот на електрична енергија. Но, истите тие компании предводени од власта на Заев и СДСМ што сė не направија во предизборниот период, со цел да се привлечат што повеќе гласачи на контото на СДСМ. Имено, објавија огласи за редовни и привремени вработувања на преку 1.000 партиски војници, за кои ВМРО-ДПМНЕ редовно ја алармираше јавноста. Овие партиски вработувања за жал само ги зголемија трошоците на и онака нерентабилните и троми енергетски компании, бидејќи најчесто се работеше за нестручен партиски кадар на СДСМ. Непосредно пред изборите се потрошија неколку милиони евра за да се подели т.н. К-15 во висина од околу 26000,00 денари за секој еден вработен. Воопшто не се потрудија да ги намалат загубите во работењето, а да го зголемат производството на електрична енергија. Се договараа тендери за ископ на јаглен во РЕК Битола во четири очи, се празнеа акумулациите на ЕЛЕМ, се вработуваа секакви нестручни кадри во ЕЛЕМ и МЕПСО.
Сето ова предизборно „дивеење“ на власта сега ќе треба да го платат сите граѓани на Република Македонија.
Постои оправдана причина јавноста да се сомнева во постапките на регулаторот, кој треба да е целосно независен и одвоен од власта. За жал со доаѓањето на СДСМ на власт, независноста на ова тело се наруши, бидејќи наместо стручност и компетентност, единствен критериум за избор е партиската припадност и послушноста кон Зоран Заев.
Од таа причина предлагаме да се отповикаат Одлуките за зголемување на цената од страна на РКЕ, кои направија хаос во енергетиката и економијата.

Новинарско прашање: Каде е господинот Мицкоски, зошто досега нема излезено на ниту една прес конференција откако е постигнат договор за владина коалиција и како ги коментирате овие што бараат оставка на Христијан Мицкоски?
Одговор на новинарско прашање: Во однос на тоа прашање за барањето на оставка од поранешни функционери кои што одлучиле да слугуваат на Зоран Заев, наместо да се борат против неговиот криминал не би имале што повеќе да додадеме и веќе неколку пати го имаме кажано нашиот став. Претседателот на партијата господинот Мицкоски е тука со секојдневните свои тековни обврски.
Новинарско прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа или ќе ја бојкотира седницата за избор на Владата во Собранието?
Одговор на новинарско прашање: Тука би имал само да додадам дека се работи за ненародна, криминална влада со транзициски кадри која што секако не ја добива довербата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е една од најкриминалните влади со најкриминалните кадри, истрошени транзициони кадри кои што ги има Република Македонија. Но, за начинот на дента на гласање ќе бидете дополнително известени.
Новинарско прашање: Коментар во врска со пропаѓањето на Еурстандард Банка бидејќи веќе неколку дена гледаме дека молчат институциите во однос на пропаѓањето на Еуростандард Банка?
Одговор на новинарско прашање: Очигледно играта на работите покажува дека одлуката за пропаѓање на Еуростандард Банката беше темперина за да биде токму по поминувањето на изборите во период во кој најголем дел од компаниите веќе знаеле и го повлекле својот капитал од банката. И тие компании според сите нашите сознанија и докази се блиски до власта до Зоран Заев, до брат му Вице Заев. Зоран Заев исто така призна јавно дека знаел за проблемите со банката цела година претходно. Па затоа јавно повикуваме да обеледонат кои фирми блиски до власта го повлекле својот капитал и знаеле за пропаѓањето во услови кога 100 илјади сметки се блокирани. Имаме случај каде сериозно затајувааат институциите, затајува Владата, Министерство за финансии каде што имавме министерка која што исто така знаела и си го повлекла депозитот од банката во висина од над 250 000 евра, затајува финансиската полиција, финансиското разузнавање, НБРМ така да едноставно затајуваат институциите во Република Македонија.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Стаменковска Стојковски: Ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување

04.01.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.