“Владата започнува со проект кој ќе го подобри безбедносниот систем “

Владата отпочнува со реализација на национален проект „Консолидација на безбедносниот систем во Република Македонија“, како резултат на реализацијата на реформите кои што се предвидени во планот за итни реформски приоритети на Владата.Координатор на проектот е Митко Чавков и во моментов се спроведува фазата на анализа и истата треба да заврши до декември. Се очекува по спроведување на проектот Македонија да има поорганизиран безбедносен сектор како и повитални институции кои ќе можат на многу подобар начин да одговорат и да се справуват со предизвиците. Се предвидува дека за најмногу една година треба да се заврши со комплетно преструктуирање на службите во областа на безбедноста.