Вклученост на бизнис-заедницата за заживување на Македонската рамка на квалификации

Македонската рамка за квалификации која е во согласност со Европската рамка за квалификации ќе овозможи да се подобрат квалификациите на поединците, да им се овозможи поголема мобилност како во образованието и обуката, така и на пазарот на трудот. Ристовски упати апел со членовите на бизнис заедницата активно да се вклучат во работата на телата на Македонската рамка за квалификации и да придонесат таа да заживее и да се воспостават нови квалификации и да се зајакната постојните. Трајковска најави дека на 12 февруари ќе бидат доделени серификати за пет занимања стекнати преку прцесот на препознавање на претходно знаење и вештини за првите илјада работници во Македонија.