​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

ВЕТУВАЊЕТО ОСТВАРЕНО: Почнува реализација на 50 милионска инвестиција

Македонија 5 ноември 2015 16:28

Германска компанијата „Костал“ официјално почна со реализација на најавената инвестиција во Македонија во вредност од 50 милиони евра, која треба да отвори 1.000 работни места. На почетокот стартуваат во постоечки објект како браунфилд инвестиција, а од почетокот на наредната година ќе почне и изградбата на нивната нова фабрика. Премиерот Никола Груевски уште во март месец …

Германска компанијата „Костал“ официјално почна со реализација на најавената инвестиција во Македонија во вредност од 50 милиони евра, која треба да отвори 1.000 работни места. На почетокот стартуваат во постоечки објект како браунфилд инвестиција, а од почетокот на наредната година ќе почне и изградбата на нивната нова фабрика. Премиерот Никола Груевски уште во март месец минатата година на митинг во Струга најави дека компанија од Германија донесе одлука за инвестирање во Македонија. Договорот за реализација на инвестицијата на „Костел“, денеска по средбата со премиерот Груевски во Владата, го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс. Фабриката на „Костал“ ќе биде лоцирана во ТИРЗ Струга- Охрид каде што ќе произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија. Паралелно ќе работи во две фабрики и во објектот во поранешен ЕМО, како и во новата фабрика која ќе се изгради во индустриската зона. Преговорите за инвестицијата со германски „Костал“ започнала во 2013 година. Извршниот потпретседател на „Костал“, истакна дека по спроведеното истражување во многу земји за тоа какви услови нудат за инвестирање откриле дека Македонија е таа која им потребна, а Охрид и Струга им нудат многу предности за ниивниот иден бизнис. Директорот на ТИРЗ појасни дека „Костал“ ќе работи во објект од поранешно ЕМО од 6.000 метри квадратни кој го има земено под закуп на пет години. Во објектот на „Костал“ ќе бидат ангажирани поранешни вработени од ЕМО кои ќе почнат со обука, а производството се очекува да почне на почетокот на 2016 година. Инаку, „Костал“ постои 100 години, работи во 17 земји, има 16.000 вработени и во последните години двојно го зголеми својот раст и извонредно е позиционирана во автомобилската индустрија. Компанијата има годишен обрт од две милијарди евра.

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

19.09.2020

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

19.09.2020

Највисоката во светот – Кулата Џедах

19.09.2020

Кои ќе бидат авионите на иднината

18.09.2020

Најнови видеа

8:24

Колку е скап луксузниот хотел Бурџ Ал Араб

Свет 19.09.2020
7:32

Најимпресивните стадиони изградени во 2020 година

Свет 19.09.2020
9:08

Највисоката во светот – Кулата Џедах

Свет 19.09.2020
10:17

Кои ќе бидат авионите на иднината

Магазин 18.09.2020
14:00

Логистика за тестирањата од Ковид-19

Магазин 18.09.2020
16:10

Економските вредности на Нуклеарната енергија

Магазин 18.09.2020
7:06

Што открива мистериозната месечина на Сатурн

Магазин 18.09.2020
10:13

Новиот Американски носач на авиони УСС Ентерпрајс

Македонија Свет 18.09.2020
47:15

Граѓански протест против поскапување на струјата 09.09.2020

Македонија 09.09.2020
2:12

Погледнете како гореше автобусот на автопатот Штип-Миладиновци

Без коментар 04.09.2020
4:07

Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивите објекти- платформи, во спротивно потврдуваат дека сето ова е криминална фарса

Изјави 04.09.2020
4:36

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи конкретни креативни мерки и политики, со цел да се помогне во процесот на развој на македонската економија

Изјави 04.09.2020
© Copyright 2021 Македонија24.мк | Сите права се задржани.