​
Brand
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Регион
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

Василевска до Рашковски: Наместо да се расправате со новинари, поднесете си оставка

Изјави 2 јули 2019 15:17

Тенко, многу тенко. Денес видовме како изгледа човек кој лаже, кој не ја говори вистината. Како изгледа човек кој дополнително заглибува во сопствената кал. А нема одговори за авантата од 7 милиони евра. Рашковски не одговори на прашањето што значи „Leonardo will win“, како што даде одговор на „Latter of award“ . Господине Рашковски многу …

Тенко, многу тенко. Денес видовме како изгледа човек кој лаже, кој не ја говори вистината.

Како изгледа човек кој дополнително заглибува во сопствената кал. А нема одговори за авантата од 7 милиони евра.

Рашковски не одговори на прашањето што значи „Leonardo will win“, како што даде одговор на „Latter of award“ . Господине Рашковски многу сте јасен во снимката која ја слушнавме во медиумите кога велите : Leonardo will win. Господине Рашковски, ова индицира дека апла местите кој треба да го добие тендерот.

Денес е јасно дека Драги Рашковски преговарал во својство на лице задолжено од премиерот Зоран Заев. Денес се дозна нарачката дека зад скандалозниот тендер стои лично Зоран Заев.

Имаше и признание дека Чепуновски не потпишал незаконски тендер за кој постои сомневање за криминал. Туку тоа го направиле лица од актуелната власт.

Договорот е склучен на 14.12.2018 година, кога премиер е Зоран Заев, а Драги Рашковски е Генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Рашковски не одговори на следново:

Кога ќе си дадете оставка?

Како главен преговорач  со М-НАВ ќе преземете ли одговорност за инцидентот кога два лета од интернационални лета минатиот септември ќе направиле судар над македонското небо?

Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација? Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседателот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?

Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која ја посакувате?

Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења?

Почитувани,

Денеска уште еднаш Рашковски ја покажа и ја докажа поврзаноста помеѓу СДСМ и Јавното обвинителство. Рашковски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поднесено кривична пријава во обвинителството, па се прашувам како Рашковски ги има информации, што ВМРО-ДПМНЕ има или ги нема поднесено?

Дали господине Рашковски Јавното обвинителство ви реферира вам и на вашиот шеф, Зоран Заев?

Господине Рашковски наместо да се расправате со новинари по прес конференции од позиција на моќ, треба веднаш  да си поднесете неотповиклива  оставка, како знак на морална одговорност.

Дополнително очекуваме од Јавното обвинителство да побара притвор за вас, како би се отклониле сите опасности од ваше неприсуство пред органите на прогонот.

И за крај лично обраќање до мојот колегата Драги Рашковски. Колега вашето лично обраќање до мене, како ваша колешка од Правен факултет, е неиздржано бидејќи вие од мене барате  да ви се извинам  јавно за да не ме тужите. Колега  вие можете слободно да ме тужите. Јас не се плашам од вашите закани. Во Македонија според Уставот важи пресумпцијата на невиност, не се плашете да докажете што и како сте правеле вршејќи јавна функција пред надлежните истражни органи. Мојата цел е да се избориме за правна држава, а главниот постулат на моето политичко дејствување не е желбата за пари и власт, туку за спроведување на економска лустрација со која ќе добиеме колега конечно шанса да побараме прием во европското семејство.

Прикажи повеќе Сокриј

Поврзани видеа

Новогодишна честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски

31.12.2021

Државата добива нова влада со стари, истрошени транзициски и искорумпирани кадри, влада за спас на криминалот

20.08.2020

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

12.06.2020

Мицкоски: Подавам рака да помогнам на Владата, еве како до 1 милијарда и 200 милиони евра без кратење на плати и веднаш да се помогне на бизнисот

28.03.2020

Најнови видеа

18:37

Мицкоски: Во Кисела Вода се случува вистинска промена, имаме  километри на нов асфалт, канализација, водовод

Изјави 14.05.2022
5:33

Ѓорѓиевски: Сето она што 30 години ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци

Изјави 14.05.2022
3:05

Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ до 30 милиони евра, МВР и ЈО да не молчат и да ги обелоденат

Изјави 13.05.2022
1:57

Николоски: Местото на Македонија е во ЕУ, а не во втора лига, Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе државата во ЕУ

Изјави 13.05.2022
12:21

Мицкоски од Радовиш: Не се сите исти, додека власта е обременета со криминал и крадење, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ градат и го реализираат ветеното

Изјави 12.05.2022
1:41

Ристов: Салата за венчавање е проект кој радовишани го чекаа со години, ние го реализиравме, продолжуваме да работиме со несмалено темпо

Изјави 12.05.2022
2:18

Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, со три пати помалку активности од ВМРО-ДПМНЕ тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Изјави 12.05.2022
2:13

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Изјави 11.05.2022
2:50

Петкоска: Власта не го закочи само Собранието, туку ги закочи и Охрид и Струга и целокупниот туристички и економски развој на државата

Изјави 11.05.2022
1:55

Стоилковски: Дали Заев и луѓе од актуелното СДСМ имаат имот во Дубаи? Зошто финансиските институции молчат?

Изјави 10.05.2022
5:37

Димитриеска Кочоска: Промени и во Свети Николе се случуваат, се гради противпожарна станица, а се и асфалтира голем потег од Бел Камен до Рудина

Изјави 09.05.2022
2:53

Владев: Во Свети Николе паралелно се асфалтираат улици, се гради градинка, игралишта, водоводи, а ќе добиеме и модерна противпожарна станица

Изјави 09.05.2022
© Copyright 2022 Македонија24.мк | Сите права се задржани.