​
Brand
  • Насловна
  • Македонија
  • Изјави
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Интервју
  • Без коментар
  • Емисии

„Ван Хол“ ќе инвестира уште 15 милиони евра и ќе отвори нови 400 работни места

Македонија 26 јануари 2016 18:53

Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ ќе инвестира уште 15 милиони евра во постојниот свој производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во наредните четири години и најави отворање на дополнителни 400 работни места. Изградбата на објектот ќе почне следниот месец. Договорот за реализација на втората инвестициска фаза го потпишаа денеска дирeкторот на Дирекцијата …

Белгиската компанија за производство на автобуси „Ван Хол“ ќе инвестира уште 15 милиони евра во постојниот свој производствен капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во наредните четири години и најави отворање на дополнителни 400 работни места. Изградбата на објектот ќе почне следниот месец. Договорот за реализација на втората инвестициска фаза го потпишаа денеска дирeкторот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и Филип Ван Хол, сопственик на белгиската компанија, во присуство на премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Сопственикот најави дека производствениот капацитет ќе биде зголемен на 900 возила годишно наместо сегашните 500.Продолжувањето со нови инвестиции на белгиската компанија, според Пешевски, е потврда за добрите политики на Владата и поволната бизнис клима. Според него, и покрај политичката криза работата на економскиот тим на Владата резултира со нови инвестиции. Директорот на ТИРЗ, посочи дека со најавеното зголемување на капацитетите, Ван Хол ќе има најголем индустриски капацитет во државава со над 72 илјади метри квадратни. Белгиската компанија „Ван Хол“ е основана во 1947 година, а седиштето е лоцирано во Конинтсојкт. Најголемиот дел од производството го пласира на пазарите во Европа и во САД.

 

Прикажи повеќе Сокриј

Последни видеа

Индија: Се урнаа два воени авиони за време на трениг

20.02.2019

Топ 40 вирални видеа од 2018 година

19.02.2019

Срамни и смешни моменти во спортот

19.02.2019

Луѓе со најчудни прехрамбени навики

19.02.2019

Најнови видеа

2:56

Индија: Се урнаа два воени авиони за време на трениг

Свет 20.02.2019
8:19

Топ 40 вирални видеа од 2018 година

Магазин 19.02.2019
10:00

Срамни и смешни моменти во спортот

Спорт 19.02.2019
10:33

Луѓе со најчудни прехрамбени навики

Магазин 19.02.2019
7:00

Втора Светска Војна во Европа-ден за ден

Свет 19.02.2019
2:54

Kандидатот за претседател на СДС наместо највиското партиско тело, ќе го избираат Артан Груби со асистенција на Миле Зечевиќ

Изјави 19.02.2019
2:44

Два нови случаеви заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта сеуште молчи како всушност се заразиле

Изјави 19.02.2019
2:59

Спасовски и надлежните во најкус можен рок да излезат со комплетни детали за несреќата во која животот го загубија 15 наши сограѓани

Изјави 19.02.2019
09:00:00

КОНВЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Р.М

Македонија 16.02.2019
3:04

Пратеничка на СДСМ си го вработила синот во МВР

Изјави 13.02.2019
2:33

Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори затоа што знаат дека жестоко ќе ги загубат, а народот ќе ги казни за сите штетни политики

Изјави 13.02.2019
5:50

Митраљез Викерс МК1 од 1914-та година – начин на работа

Магазин 13.02.2019
© Copyright 2019 Македонија24.мк | Сите права се задржани.